Connect with us

Македонија

18 години ЗАТВОР за ПИЈАНИОТ ВОЗАЧ кој во ВЕЛЕС УСМРТИ 11-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ И ИЗБЕГА

Published

on

Велешанецот Ангелче Николов доби затворска казна во висна од 18 години за две кривични дела, „Тешки дела против безбедноста на луѓето“ и за „Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ за сообраќајката во Велес во која почина 11-годишната Магдалена Иванова. За првото дело доби 17 години и шест месеци, а за второто една година или во една единствена казна 18 години. Тој двете дела ги сторил со умисла. Максималната казна која обвинетиот можеше да ја добие е 20 години затвор.

Николов возел под дејство на алкохол, двојно побрзо од дозволеното и го усмрти девојчето на пешачки премин. Наместо да застане и да им помогне на жртвите, Иванова и мајка ѝ, тој со несмалена брзина продолжил да вози во правец кон населбата Превалец.

„Обвинетиот по сторувањето на делото безобѕирно го напуштил местото на настанот, и не се обидел да ги поправи штетните последици предизвикани од негови дејствија. Се криел повеќе од 30 часа, не се интересирал што се случило со оштетените, а што се предал по толку време судот не го цени како олеснителна околност. Претходно, два пати е осудуван за сообраќаен прекршок при што му се изрекувани забрани за управување на возило, што укажува дека се работи за лице со ниско ниво на сообраќајна култура, не почитува сообраќајни пропусти и изречените казни не влијаеле на него. Изреченото признание судот го зема како придонес за побрзо завршување на постапката. Судот не се стекна со впечаток дека кај обвинетиот има искрено каење и жалење за стореното. Олеснителни околности се дека не е кривично осудуван и дека е безимотен“, кажа во образложението судијката Габриела Гајдова, претседател на петчлениот Судски совет.

Обвинителството и адвокатот на обвинетиот не дадоа изјави по изрекувањето на пресудата, која не е правосилна.

Николов доби и забрана за управување на возило во висина од пет години, казна која ќе се реализира по одлежувањето на затворската казна. Мерката притвор му е продолжена до правосилноста на пресудата.

Вештачењата на ОЈО Велес покажале дека Николов на 17 декември лани во моментот кога се случила несреќата во 22,15 часот возел под дејство на алкохол и со брзина двојно поголема од дозволената на тоа место. Згора на тоа, сообраќајкатаа се случила на обележан пешачки премин, а потоа побегнал во населба Превалец, каде се криел 36 часа, по што сам се предал на полицијата. Во моментите кога го возел автомобилот „мерцедес“ тој имал забрана за управување на возило.

Sdk.mk

Македонија

Меџити: Зборувам во име на коалицијата Вреди дека не може Таравари и АА и да соработуваат со ДУИ и да останат во владата

Published

on

Изет Меџити, вицепремиерот и лидер на Демократското движење, од коалицијата Вреди вели дека премиерот Христијан Мицкоски ќе одлучува за продолжување на учеството на Алијансата за Албанците на Арбен Таравари во владата. Но, Меџити смета дека не е во ред Алијансата за Албанците и да соработува со ДУИ и да остане во Владата. Ова го објави ТВ 21.

Натаму телевизијата истакнува: „За ова ќе побарате мислење од Мицкоски. Но јас зборувам во име на коалицијата Вреди. Вреди е јасна: не е можно и со Вреди и со ДУИ. Не оди да се биде и со ДУИ и во владата.“ – нагласи Изет Меџити.

Меџити е убеден дека постои соработка меѓу ДУИ и АА, нагласувајќи дека Таравари не треба да ја крие оваа соработка. „Тоа е проблем на Таравари. Тој треба да појасни, да не ја крие соработката со ДУИ. Легитимно е да соработуваат, не можеме да им го забраниме тоа, но не треба да заборавиме дека тие 107 илјади гласови на парламентарните избори лани ги добивме поради нашето ветување пред граѓаните.“ – истакна Меџити.

Continue Reading

Македонија

Лишени од слобода две лица во Демир Хисар, предизвикале пожар на градската депонија

Published

on

Лишени од слобода две лица во Демир Хисар, предизвикале пожар на градската депонија

На 22.04.2025 во 13.30 часот полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишиле од слобода С.Ф.(28) и А.С.(48), двајцата од Прилеп, поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од Кривичниот законик. Тие се сомничат дека предизвикале пожар на градската депонија во Демир Хисар, а при преглед кај нив се пронајдени предмети со кои го предизвикале пожарот. По документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна пријава.

Continue Reading

Македонија

Пет пациенти од трагедијата во Кочани се враќаат од лекување во Србија

Published

on

Повредени пациенти од трагедијата во Кочани се враќаат од лекување во странство

Министерството за здравство соопшти дека денеска петмина од повредените во несреќата во Кочани се враќаат од лекување во Клиничкиот центар во Србија. Согласно утврдениот протокол, тројца од нив ќе бидат сместени на Клиниката за пулмологија, еден пациент ќе продолжи под надзор на Клиниката за пластична хирургија, а уште еден ќе биде хоспитализиран во Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“.

Вчера, уште еден пациент се врати од лекување во Хрватска и е под опсервација на Клиниката за пластична хирургија. Со ова, бројот на пациенти што сè уште се лекуваат во странство се сведува на 38.

Во земјава, во моментот се лекуваат седум пациенти: четворица се хоспитализирани во Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“, еден на Клиниката за пластична хирургија и двајца во приватната болница „Систина“.

Министерството нагласува дека внимателно ја следи состојбата на повредените и дека приоритет останува обезбедување квалитетен третман и успешна рехабилитација за секој пациент.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк