Кај пет дилери меѓу кои и наставничка, пронајдена дрога вредна половина милион евра (ВИДЕО)

Во синоќешната голема полициска акција во која е откриена лабораторија за произведство на амфетамин, приведени биле пет дилери, меѓу кои и наставничка од основно училиште во Скопје.

Според МВР, наставничката од основното училиште „Александар Македонски“ била дел од улична група дилери на скопските улици, но дека продавала надвор од работното време.

Биле извршени претреси на седум локации во главниот град пронајдени се наркотични средства во износ од околу половина милион евра.

„Вчера екипи на МВР извршија претреси на седум локации во скопје, при што приведени се 5 лица, пронајдена е лабораторија за производство на дрога, како и дрога вредна скоро половина милион евра, доколку биде продавана преку уличните дилери.

Запленета дрога вредна половина милион евра (инсерти)

Пронајдени се околу 7 килограми амфетамин, еден килограм кокаин, 22 килограми марихуана, автоматска пушка калашников, куршуми, рамки за пиштоли и автоматска пушка како и списоци од лица кои купувале дрога и должеле за наплата на дрогата. Приведените лица имале изнајмени станови во центарот на Скопје, како и населбата Ѓорче Петров и сите се од главниот град“, информираше Тони Ангеловски, портпаролот на МВР.

МВР спроведува полициски акции и низ градовите од внатрешноста, а само оваа недела извршени се 36 претреси, и приведени се 32 лица.