Connect with us

Македонија

Кај пет дилери меѓу кои и наставничка, пронајдена дрога вредна половина милион евра (ВИДЕО)

Во синоќешната голема полициска акција во која е откриена лабораторија за произведство на амфетамин, приведени биле пет дилери, меѓу кои и наставничка од основно училиште во Скопје.

Според МВР, наставничката од основното училиште „Александар Македонски“ била дел од улична група дилери на скопските улици, но дека продавала надвор од работното време.

Биле извршени претреси на седум локации во главниот град пронајдени се наркотични средства во износ од околу половина милион евра.

„Вчера екипи на МВР извршија претреси на седум локации во скопје, при што приведени се 5 лица, пронајдена е лабораторија за производство на дрога, како и дрога вредна скоро половина милион евра, доколку биде продавана преку уличните дилери.

Пронајдени се околу 7 килограми амфетамин, еден килограм кокаин, 22 килограми марихуана, автоматска пушка калашников, куршуми, рамки за пиштоли и автоматска пушка како и списоци од лица кои купувале дрога и должеле за наплата на дрогата. Приведените лица имале изнајмени станови во центарот на Скопје, како и населбата Ѓорче Петров и сите се од главниот град“, информираше Тони Ангеловски, портпаролот на МВР.

МВР спроведува полициски акции и низ градовите од внатрешноста, а само оваа недела извршени се 36 претреси, и приведени се 32 лица.

Македонија

Згасна позната телевизија во Македонија – престана да емитува програма

Македонскиот телевизиски етер остана посиромашен за еден канал. Телевизија Сонце, која години наназад емитуваше програма со национална концесија преку кабелските оператори, престана со работа.

Гледачите кои се обидуваат да го најдат каналот сведочат за „црн екран“ или известување дека нема сигнал.

ТВ Сонце беше препознатлива по својата специфична програмска шема, фокусирана на македонската историја, културното наследство и прашањата поврзани со македонската дијаспора. Телевизијата беше основана од бизнисменот Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски.

Останува непозната и судбината на вработените во овој медиум.

Continue Reading

Македонија

Македонија и Турција ја зајакнуваат соработката во образованието и науката со нов договор

makedonija turcija

Македонија и Турција отвораат ново поглавје во билатералната соработка во образованието, науката, технологијата и иновациите. Министрите за образование и наука, Весна Јаневска и Јусуф Текин, потпишаа договор со кој се зајакнува партнерството меѓу двете земји и се создава основа за интензивна размена на знаење, искуства и кадар.

Со договорот се предвидува размена на информации и научни публикации во областа на формалното и неформалното образование, како и поттикнување на мобилноста на академици, образовни експерти, наставници и средношколци. Посебен акцент е ставен на средното, особено стручното образование, обуката и квалификациите на наставниот кадар, доживотното учење и реализацијата на заеднички образовни проекти.

Двете држави ќе разменуваат искуства и во примената на нови образовни технологии, како и во подготовката и унапредувањето на наставните планови и програми. Учениците ќе добијат можност да учествуваат на научни и културни натпревари што се организираат во Македонија и Турција, а ќе се поттикнува и развојот на заеднички образовни програми и збратимување на училишта.

Како дел од договорената соработка, во двете земји ќе се воведат изборни предмети „Јазикот и културата на Турците“, односно „Јазикот и културата на Македонците“, а предвидено е и меѓусебно стипендирање на средношколци.

За ефикасна примена на договорот ќе биде формирана заедничка работна група, која ќе го следи и координира спроведувањето на договорените активности.

Continue Reading

Македонија

Неработни денови и продолжени викенди во јануари 2026

Празничната атмосфера продолжува и во првиот месец од новата година, а јануари носи неколку неработни денови кои овозможуваат подолг одмор и полесно планирање на работните обврски.

Новата година започнува со 1 јануари, кој е неработен ден и паѓа во четврток. Веќе во петок, на 2 јануари, следи кратко враќање на работа, по што доаѓа викенд пауза. Понеделник, 5 јануари, е работен ден, а потоа следуваат 6 и 7 јануари, кога се празнуваат Бадник и Божиќ, кои се неработни денови. На работа повторно се враќа на 8 јануари.

Јануари не завршува тука со празниците. На 19 јануари, понеделник, се празнува Богојавление – Водици, кој е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

Дополнително, за припадниците на српската заедница, неработен ден е и 27 јануари, кога се одбележува празникот Свети Сава.

Со ваквиот распоред, јануари нуди неколку можности за продолжени викенди и кратки одмори, што многумина веќе ги користат за планирање на слободното време.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг