ЗАХАРОВА ЗА АПСЕЊЕТО НА ПУТИН: Одлуката на судот во Хаг нема никакво значење за Русија!

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, на својот Телеграм канал веднаш ја коментираше веста за издавање налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и детскиот правобранител Марија Лвова-Белова.

Таа изјави дека наредбата на Меѓународниот кривичен суд нема правно значење за Руската Федерација.

„Одлуките на Меѓународниот кривичен суд немаат никакво значење за нашата земја, вклучително и од правен аспект“, напиша таа на нејзиниот канал Телеграм.

„Русија не е потписник на Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд и не сноси никакви обврски според него. Русија не соработува со ова тело, а можните „рецепти“ за апсење кои доаѓаат од Меѓународниот суд ќе бидат правно ништовни за нас. “, нагласи таа.