Историска судска победа на македонскиот јазик во Грција: Првостепениот суд во Лерин одби повеќе тужби за забрана на Центарот!

Центарот за македонски јазик во Грција со задоволство ја известува јавноста дека Основниот суд во Лерин, во две посебни одлуки, официјално одби повеќе барања/тужби за поништување на првичната одлука за одобрување на барањето за неговата регистрација, велар од Центарот за Инфомакс.

Потсетуваме дека на 27.07.2022 година, барањето за регистрација на Центарот за македонски јазик како невладина организација/здружение беше одобрено од грчкиот суд, со што истиот стана првата организација, која директно се грижи за македонскиот јазик, што е регистрирана и призната како таква од грчките државни органи. Сепак, веднаш по соопштувањето на таквата одлука, до Судот во Лерин беа доставени повеќе барања/тужби од “трети заинтересирани страни” за поништување на првичната одлука за регистрација. Како подносители на таквите барања се појавија неколку екстремно десничарски организации и политички партии во државата, додека едно од барањето беше поднесено лично од страна на јавниот обвинител на територијата на Леринската околија. 

Првото од судењата беше одржано на 16 февруари 2023год. Во атмосфера исполнета со тензии, дополнета и сопреполни судски сали, Центарот за македонски јазик гипретстави своите аргументи пред Судот, меѓу другото и сопрезентирање на докази за признавањето на македонскиотјазик од страна на грчката државата пред повеќе од еденвек. 

Со историските одлуки од 16 март 2023 година, Основниот суд на Лерин ги одби барањето/тужбата на околискиот јавен обвинител, барањата поднесени од “Панмакедонскиот сојуз на македонската борба Грција-Австралија” и “Панхеленското здружение на потомците на македономахите – Павлос Мелас”, како и оние поднесени од „Здружението за одбрана на Македонија и Тракија“, „Друштвото за македонски студии“, „Здружението Аристотел“, „Здружението на пензионирани армиски офицери“ и „Регионот Западна Македонија“. Горенаведените барања беа одбиени како неосновани, додека еден дел од нив беа квалификувани и како целосно неприфатливи.