Ахмети љубител на песни – пее заедно со Илир Шаќири

ДУИ вечерва ќе одржи партиски митинг во Чаир каде најавено е и доаѓањето на Али Ахмети.

Шефот на ДУИ овој собир го најави пеејќи ја песната на „Јакуп Фери“, заедно со познатиот косовски пејач Илир Шаќири.

И премиерот Ковачевски го коментираше денешниот митинг на ДУИ.

Изет Меџити од Огнената група вели дека е среќен што успеале од кампањата со рап музика да го вратат ДУИ кон песните на ОНА.

„Жал ни е што ДУИ е доведена во ваква состојба, преку злоупотреба на своето реноме, име, со кампањата ТОЈ ДОАЃА, ДОЈДЕ ДЕНОТ. Денеска ќе биде концерт, нема да биде и собир, го донел и Илир Шаќири. Јас гледам дека сме направиле едно добро, значи ги натеравме министрите да се вратат во базата. Ги натеравме значи…го заборавиле рапот, сега се вратиле кон ОНА и Илир Шаќири“, вели Изет Меџити.

Меџити исто така рече дека за овој собир се поканети и лица од други градови. Инаку собирот на ДУИ се одржува во салата Шабан Трстена во Чаир.

Ахмети љубител на песни – пее заедно со Илир Шаќири