Вучиќ вели Косово не е држава, не можеме да потпишеме правен договор – А меѓународна честитаа договор!?

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се појави пред медиумите во Белград да појасни дека не го потпишал анексот за спроведување на Договорот за нормализација на односите со Косово, „бидејќи Србија е меѓународно призната држава, додека Косово не е“ затоа, според него, не може да се постигне меѓународен правен договор.

Не потпишав поради неколку работи. Србија е меѓународно-правно призната држава, а она што тие го нарекуваат Република Косово, за мене не е. Поради тоа не сакам да правам меѓународно-правни договори со Република Косово. Се разбира, во формално-правна смисла, тешко ќе покажете дека договор постои без потпис, но после секој самит, за секој случај, недвосмислено зборувам за нашите црвени линии кои значат дека нема да ја признаеме косовската независност, ниту да прифатиме членство на Косово во ОН“, вели Вучиќ.

Од друга страна пак САД го поздравија договорот меѓу Србија и Косово.

САД го поздравија договорот меѓу Косово и Србија

САД го поздравуваат договорот што Косово и Србија го постигнаа во Охрид со посредство на ЕУ за имплементација на Договорот за патот кон нормализација на односите, соопшти Стејт департментот.

„Ги пофалуваме претседателот на Србија и премиерот на Косово за нивното лидерство во постигнувањето договор. Исполнувањето на обврските на Косово и Србија од Основниот договор, во рамките на трајната определба за помирување, ќе обезбеди значителни можности за граѓаните на двете земји и да го забрзаат нивниот пат кон членство во Европската унија“, се вели во соопштението на американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Во соопштението се додава дека САД ќе продолжат да бидат активно ангажирани, во соработка со партнерите од ЕУ, „да ги поддржат Косово и Србија во нивната работа на имплементација со цел да се постигнат предвидливи и мирни односи“.

„Ќе продолжиме да го поддржуваме подобрувањето на стабилноста и просперитетот на Западен Балкан“.

Во соопштението, се заблагодарува на Европската Унија за посредувањето во преговорите и на Владата на Македонија што била домаќин и поддржала финализирање на договорот.

Блинкен на својот Твитер профил исто така изјави дека го поздравува договорот. Тој додаде дека САД остануваат „посветени на унапредување на европската и евроатлантската интеграција“