Connect with us

Македонија

Ќе увезуваме 20.000 плочкари, столари, електричари од Бангладеш, Непал, Пакистан…

Published

on

Најмалку 3 македонски агенции се во преговори за увоз на работна сила од странство. Ангел Димитров од Организацијата на работодвачи во интервју за МИА, вели дека тоа е веќе востановена пракса во Хрватска и Бугарија, каде компаниите градат и интернати за претстој на работниците, кои во главно доаѓаат од земјите на средниот и далечниот исток.

– Има земји со 114-115 евра минимална плата, а нашата плата е три пати поголема. Имаат исто така и многу полоши услови за живеење и работење – изјави Ангел Димитров, Организација на работодавачи.

Конкретно, Димитров добил понуда за работници од Непал, но се преговара и со Бангладеш, Пакистан и Индонезија.

– Ако тоа не го направиме, со селењето на младите надвор, ние ќе останеме без работници, економијата полека ќе пропаѓа, а буџетот ќе остане без пари. Значи, државата уште сега треба да се подготви, ако тоа не се направи, да се намали и број на пратеници во Парламент и број на министри во Влада и број на вработени во јавна администрација, бидејќи ќе нема пари за сите- додаде Димитров

Димитров смета дека е потребна либерализација на пазарот на труд, а правата од Законот за работни односи да важат подеднакво и за домашните и за работниците од странство.

– Мислам дека Македонија не е држава, како некои арапски држави, каде што странците ќе работат по 20 часа, ќе немаат никакви права и ќе се третираат како граѓани од втор ред- изјави Димитров

За запирање на иселувањето пак, мора да се реформира структурата на образованието и стопанството, да се деполитизира општеството и да нема селективна примена на законите.

Македонија

„Мислевме дека е шега“ – преживеана од пеколот во диското открива детали за трагедијата 

Published

on

Трагедијата во Кочани, каде што во пожарот во дискотеката „Пулс“ загинаа 59 лица, го потресе целиот регион.

Девојка која ја преживеала кобната ноќ во клубот проговори за  тоа што се случувало во тие критични моменти.

Во емисијата „Претрес“ на новинарот Кристијан Ландов, девојката раскажа дека членот на бендот ДНК, Владимир Блажев – Панчо, прв ја забележал огнената закана и повикал на евакуација, но присутните не го сфатиле сериозно.

„Бендот ДНК започна со настап во 2 часот, а околу 2.35 почнаа да користат прскалки, какви што се користат секогаш кога настапува некој голем музичар. Сите беа расположени, никој не знаеше дека ќе се случи ваква трагедија.

Панчо прв ја забележа ситуацијата и извикуваше: „Гори кровот, излезете!“. Останатите не го забележаа тоа, иако снимаа. Мислеа дека е шега, не веруваа дека пожарот ќе се прошири и не го сфатија сериозно предупредувањето.

Пред вратата на клубот се создаде голема гужва, ни самата не знам како успеав да се извлечам. Некои останаа до крај, мислејќи дека ништо страшно нема да се случи.

На влезот имаше полиција која вршеше рација бидејќи во клубот имаше малолетници. Вратата првично беше блокирани, но кога настана метеж, веднаш беше отворена.

И претходно во клубот имало малолетници – само плаќаш и влегуваш“ – открива девојката.

Во клубот во тој момент била и полиција поради малолетници присутни на забавата.

Потсетуваме, најмладата жртва во оваа трагедија имаше само 16 години. Овој трагедија од огромни размери покрена бројни прашања за безбедносните пропусти и контролата во ноќните клубови.

Continue Reading

Македонија

Зборовите на Марија од Кочани тераат солзи на очи: „Ја погребавме мама, а сега и тебе…која судбина ја имам на овие 19 години?“

Published

on

Младата Марија Тасева, која го преживеа пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што загинаа 59 лица, се прости од својата сестра Лепа, која таму го загуби животот.

Марија се збогуваше со својата постара сестра преку емотивна објава, полна со болка и тага.

– Не требаше вака, сестричке, сега започнуваа твоите најубави години. Се вратив во дискотеката за да те најдам, но не ме пуштија внатре, не можев да те спасам. Да ми дозволеа, можеби ќе успеев да те спасам или ќе изгоревме заедно, но важно е што ќе бевме заедно – напиша Марија.

– Жал ми е што не можев да влезам, толку ми е жал. Ми рече дека никогаш нема да ме оставиш, дека ќе ме заштитиш, дека ќе бидеш покрај мене. Но, неочекувано нè напушти. Да знаев дека последен пат ќе те видам во дискотеката, ќе те прегрнев и ќе изгоревме заедно. Оваа болка е неподнослива. Ја погребавме мама, а сега и тебе те погребувам, која судбина ја имам на овие 19 години? Засекогаш ќе бидеш во моето срце, сестричке, непребол…држете се со мама горе, најмногу ве сакам, никогаш нема да те преболам… Остани горе со мама, те сакам најмногу – напиша Марија на социјалните мрежи.

Ова е уште една трагедија што ја снајде семејството, откако пред две години нивната мајка го загубила животот.

По пожарот во дискотеката „Пулс“, Марија беше повредена при евакуацијата, поради турканицата што настанала.

Continue Reading

Македонија

Посебен режим во Скопје: Овие улици ќе бидат затворени попладне во Скопје!

Published

on

СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска (24.03.2025) со почеток од 19.00 часот поради одржување на протестен марш, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.

Протестниот марш ќе започне на Плоштад „Македонија“, а во 19.30 часот ќе се продолжи со движење кон Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, потоа по ул.„Филип Втори Македонски“, лево по бул.„Гоце Делчев“ до пред Влада на РСМ на бул.„Илинден“.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк