92 – годишниот милијардер се вери со 26 години помлада жена: Ова ми е последна љубов

92-годишниот медиумски магнат Руперт Мардок се сврши со 26-години помладата Ен-Лесли Смит, вдовица на кантри ѕвездата Честер Смит.

Мардок за New York Post открил дека за својата партнерка избрал дијамантски прстен, а планираат да се венчаат оваа година. “Бев многу нервозен. Се плашев да не се заљубам, но знаев дека ова ќе биде мојата последна љубов. И подобро е така. Среќен сум”, рекол милијардерот

Дејли Мејл пишува дека парот се запознал во септември минатата година, а Смит ја опишал нивната врска како „божји дар“.

“Јас сум вдовица веќе 14 години. Како и Руперт, мојот сопруг беше бизнисмен. Така, јас и Руперт се разбираме, имаме исти мислења и верувања. Само чекав вистинско време за повторно да се свршам”, рече таа и додаде дека нејзините пријатели се многу среќни за неа.

Инаку, милијардерот се разведе од Џери Хол во август минатата година. Тајкунот со австралиско потекло, кој поседува голем број медиуми, вклучувајќи ги Тајмс, Њујорк Пост, Фокс њуз и Волстрит журнал, се проценува на 17,7 милијарди долари.

Бракот на Мардок со Џери беше негов четврти брак (и четврти развод).

Тој се оженил со својата прва сопруга, поранешната стјуардеса Патриша, во 1956 година. Двојката се разделила во 1967 година, девет години по раѓањето на нивното единствено дете, ќерката Пруденс. Истата година се оженил со својата втора сопруга Ана, новинарка од Глазгов, со која бил во брак 32 години и имал три деца. Тие се разведоа во 1999 година.

По разводот, на Ана ѝ биле доделени 1,7 милијарди долари, вклучително и 10 милиони долари во готовина. Само 17 дена по разводот, Мардок се оженил со претприемачката Венди Денг, со која бил до 2014 година и имал две деца. Мардок за време на нивниот брак имал 68 години, додека Венди само 30.