Connect with us

Македонија

ПЛАЧКИ – Централниот регистар го избриша бугарскиот клуб “Иван Михајлов”!

Published

on

Бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ денеска згаснува, објави Централниот регистар на Македонија.

Причината за престанок е со одлука на Министерството за правда. Централниот регистар постапил по службена должност по донесено решение од министерството.

Причината, се вели, е поради неусогласување на името со измените во Законот за здруженија и фондации. Упатството било испратено до Централен регистар од министерството на 17 март.

Претходно, бугарскиот клуб најави дека правдата ќе ја бара во Меѓународниот суд за човекови права.

Македонија

Ѓорѓиевски: До крајот на месецов градоначалниците да обезбедат записници за безбедноста на објектите

Published

on

До крајот на овој месец сите градоначалници треба да обезбедат записници за безбедноста за училиштата, градинките, спортските сали и за сите културни установи под нивна надлежност и тие да ги споделиме со Владата, на заеднички координативен состанок и со јавноста, информира вечерва градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) Орце Ѓорѓиевски.

Во однос на контролите во објектите што стартуваа по трагедијата во Кочани, во делот на безбедноста, дали поседуваат хидрантска мрежа, Ѓорѓиевски рече дека дел од општините веќе постапуваат.

– Сите оние кои се утврди дека имаат неисправна мрежа, но не беа огромен број на такви објекти, имаше одредени кои не исполнуваа, и заклучокот на ЗЕЛС е дека во најголем број случаи, ја земам предвид и мојата општина, со потписи е потврдено од сите стручни лица кои учествувале во процесот дека има целосна документација, противпожарните апарати и хидрантите се на број, дека сите се исправни. Вакви записници треба да обезбедат сите градоначалници до крајот на овој месец, и за училиштата, и за градинките, и за спортските сали и за сите културни установи кои ги имаат под нивна надлежност и тие да ги споделиме со Владата, на еден заеднички координативен состанок и со јавноста – образложи вечерва Ѓорѓиевски во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма.

Информира дека се утврдени одредени аномалии, кои, како што рече, не се од невидени размери, кои не можат да се адаптираат во наредните неколку дена.

– Најчесто станува збор за објекти кои се градени по едни стандарди. Како на пр. во Општина Центар градинките се градени по стандарди од СФРЈ, каде се препорачувало јаслите да бидат на вториот кат, а по новите правилници јаслите треба да се на првиот кат. Сето тоа се смета како еден од условите кои во моментов треба да ги исполни градинката. Во наредниот период ќе треба градоначалниците да ги адаптираат, односно да интервенираат во оние делови каде не се исполнуваат условите- подвлече Ѓорѓиевски.

Утврдени се, како што рече, аномалии и во домовите за стари лица и додаде дека ќе треба наредниот период да се постапува и таму, да има период на адаптација во кој ќе треба да ги исполнат условите.

Ѓорѓиевски предупреди дека постојниот систем се базира на дискрециско право на инспекторите, наместо на законски дефинирани рокови за постапување. Тој потенцира дека е потребна законска промена што ќе наложи задолжителни инспекциски контроли, особено за објектите од јавен интерес како градинки, училишта и спортски сали.

– Кај нас она што недостасува, според мене, е промени во законот во делот секој законски мора да постапува во одреден период. Тоа се однесува и на инспекциските служби. Сега е за жал оставено на добрата волја на инспекторот. Кој со кого се познава, и кој колку побрзо може да добие одредена потврда одобрение итн. Многу често се дискутира околу тоа изминатиов период, дали требало да се случи ваква ситуација за да излеземе ние во вондредни контроли, во сите објекти од јавен карактер- додаде Ѓорѓиевски.

Според него, безбедноста на јавните објекти не смее да зависи од добра волја, туку од системски дефинирани обврски.

Continue Reading

Македонија

Плакета за храброста и стипендија за високо образование за Јован, предлог одлуката утре на седница на Советот на општина Виница

Published

on

На утрешната седница на Советот на Општина Виница ќе биде разгледан Предлог-актот со кој градоначалникот Миле Петков предлага да се додели Плакета за храброста и хуманоста на младиот Јован, во врска со трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Во истиот Предлог-акт се предлага советниците да го одобрат и да се додели стипендија за високо образование на Јован за период од 4 години.

-Сметам дека тоа е најмалку што можеме да направиме за нашиот херој кој спаси дваесетина лица во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, се вели во објавата на виничкиот градоначалник Петков.

Continue Reading

Македонија

Приведен бегалец од затвор

Published

on

На 24.03.2025 во 05.00 часот во село Нова маала, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Џ.А.(24) од село Нова маала.

Тој бил осуден на затворска казна во траење од една години и шест месеци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори “ по член 215 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Струмица. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на една година и три месеци од казната

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк