ЛИБЕРО БЕНД има нова песна Слушнете ја АНГЕЛ (Видео)

Еден од најистакнатите македонски бендови Либеро бенд денес на јавноста и ја претстави својата најнова песна со наслов „Ангел“. Станува збор за моќна и емотивна тема, токму онаква каква што нивните фанови и очекуваат од нив. А бидејќи тимот кој победува не се менува, момците од Либеро им останаа верни на своите веќе проверени соработници – „Ангел“ е со потписот на авторскиот тим Магдалена и Лазар Цветковски, додека видеото е дело на Даниел Јовески.

„Оваа песна ја чекаме и работиме повеќе од една година, ова е еден од нашите најквалитетни проекти. Многу енергија и труд вложивме. Конечно имаме нешто кое ќе вреди за сите овие изминати 11 години од нашето постоење и веруваме дека во неа ќе се пронајдат сите генерации“, вели Иван Јованов, фронтменот на Либеро.

Момците од „Либеро бенд“ велат дека не сакаат да се ограничуваат во однос на жанровите, но она што е важно за нив е дека сакаат да создаваат музика во која слушателите би уживале. Песната „Ангел“ е нивно 11-то авторско дело и е само предвесник на сето она што допрва ќе следува од нив.

Слушнете ја новата песна и уживајте:

LIBERO - ANGEL (Official video)²⁰²³