Connect with us

Скопје

Мистериозна сила повторно ги повлече специјалците кои се подготвуваа за уривање на дивоградби на ,,Пластичарска”

Мистериозна сила повторно ги повлече специјалците кои се подготвуваа за уривање на дивоградби на ,,Пластичарска”.

Откако цел ден минале во планирање за обезбедување на објектите кои треба да се урнат од страна на општина Центар полициските специјалци вечерва добиле наредба според која нема да се обезбедува уривање на два огромни дивоградби во центарот на Скопје.

Како и минатиот пат наредбата доаѓа од ,,мистериозна сила” која е помоќна од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски без чија наредба не може ниту да се употребат ниту да се повлечат специјалците.

Предходно според наредбата од МВР меѓу 2 и 4 часот наутро можеше да биде напнато во срцето на главниот град.

Стотина специјалци во деликатна задача

Стотината полицајци се повикани поради високиот ризик при уривање на објектот од кои на едниот не се знае формалниот сопственик.

Едниот објект е еднаш урнат во 2017 година а двата објекти кои треба да се уриваат имаат површина од над 3 илајди метри квадратни кои вредат десетина милиони евра.

Еден од објектите нема никакви документи а изграден е на државно земјиште во зелен појас.

Цели 6 години општина Центар и Државниот градежен инспекторат не спречуваат изградба на објекти кои се целосно спротивен вни на законот.

Минатата недела МВР на Оливер Спасовски не испрати полициска асистенција за уривање на објектите наводно поради зафатеност на полицијата но упатени извори тврдат дека се работи за партиски притисоци од луѓе блиски на една владеачка партија кои не сакаат уривање на објектите.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски пред две недели потврди дека Општина Центар поднела барање за асистенција од Министерството за внатрешни работи за уривање на дивоградбата на улицата „Никола Карев“, (ул. „Пластичарска“).

„Беше и договорена акција за отстранување на објектот, но поради многубројните пријави, така ни стигна допис од страна на Министерството за внатрешни работи, во делот на бомби во училиштата и недоволен број на полициски службеници истата беше стопирана. Повторно од моја страна, по извесен период, пред неколку дена е доставено повторно барање за асистенција од страна на МВР за да заедно да излеземе од терен и почнеме со отстранување на тие диви објекти“, изјави Герасимовски.

Скопје

Виртуелно патување низ Кисела Вода – првата скопска општина со дигитална прошетка

Општина Кисела Вода влегува во новата дигитална ера, поставувајќи нов стандард за локална самоуправа.! Со лансирањето на спектакуларниот 360° виртуелен проект, наречен „Општина Кисела Вода НА ДЛАНКА – 360°“, таа стана првата скопска општина која доби ваква целосна, реална и интерактивна презентација.

Овој модерен дигитален потфат ја трансформира општината во достапен виртуелен простор. Граѓаните, учениците, но и сите посетители и туристи, сега имаат уникатна можност виртуелно да „прошетаат“ низ Кисела Вода, истражувајќи ги нејзините најзначајни точки – од образовни и културни центри, до спортски терени и духовни локации.

Со над 500 панорами снимени и од воздух и од земја, поврзани во беспрекорна интерактивна прошетка, корисниците добиваат реалистично искуство, комплетирано со сите релевантни информации за секоја локација.

Од Општината истакнуваат дека оваа иновативна алатка има далекусежни последици.

Проектот претставува едукативен пресврт. Учениците сега можат да ја користат виртуелната прошетка за полесно разбирање на содржините по историја, географија и други предмети – учењето никогаш не било поинтерактивно.

Од туристички аспект, „Кисела Вода НА ДЛАНКА“ е моќна промотивна алатка. Потенцијалните посетители сега можат однапред да ја истражат целосната понуда на општината, што создава силен потенцијал за привлекување нови туристи.

Со овој проект, Кисела Вода ја докажува својата посветеност кон иновациите и транспарентноста, ставајќи го секое ќоше од општината буквално во рацете на своите жители и гости.

Видеото може да го погледнете на: Facebook

Continue Reading

Скопје

Дел од Сарај и високата зона во Ѓорче Петров денес без вода

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, денеска е регистриран прекин во водоснабдувањето за повеќе населени места.

Прекинот е предизвикан од дефект на затворач со пречник Ф-350 мм на улица 20 во населбата Сарај. Прекинот ќе трае од 07:30 часот до целосно санирање на дефектот.

Без вода ќе останат корисниците од следниве населени места во Општина Сарај: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и Сарај

Исто така, прекинот ги зафаќа и високите зони, односно повисоките катови на зградите во населбата Ѓорче Петров.

Continue Reading

Скопје

ЦУК предупредува: „Ексклузивните“ објекти на Водно се под ризик од свлечишта

Скопје, 9 декември 2025 – Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, алармира дека на падините на Водно се наоѓаат објекти кои се директно загрозени од свлечишта и нестабилно земјиште.

„Ризикот мора да се сфати сериозно – можно е да настрада човек ако не се реагира навреме“, рече Ангелов во гостување на ТВ Телма. Според него, делови од теренот веќе се нарушени, земјиштето продолжува да се лизга, а неколку потпорни ѕидови се урнати.

Ангелов посочи дека проблемот не е ограничен само на еден потег на падината и дека се неопходни брзи мерки, засилен мониторинг и процена на стабилноста на критичните зони. Институциите веќе работат на оваа проблематика, а во ЦУК се одржани неколку координативни средби на кои врвни професионалци активно се вклучени.

„Жителите на Водно често не ја сфаќаат целосната опасност бидејќи се навикнати на животот во тој предел. Но, видеа и искуства од целиот свет покажуваат дека свлечишта можат да предизвикаат сериозни штети и да загрозат човечки животи“, предупреди Ангелов.

Директорот на ДЗС нагласи дека медиумите имаат значајна улога во подигнувањето на јавната свест, особено кај луѓето кои живеат на Водно, за да се избегнат штетни последици пред да биде предоцна.

Зачестените извештаи за пукнатини на објекти и движење на земјиштето на Водно во последниот период дополнително ја зголемуваат загриженоста во јавноста.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг