Connect with us

Македонија

Апасиев: Двојазичните униформи се воведени со уредба затоа што знаеа дека Законот Левица ќе го блокира

Published

on

Честито противуставни ДВОЈАЗИЧНИ ПОЛИЦИСКИ УНИФОРМИ. Само Левица ги оспори пред Уставен суд. Ама Кацарска си дреме, или ќе најде некоја фора да ги “легализира”.

Воведени се со владина уредба, оти со закон не можеа (оти сега Левица е таму).

Таман, од денес, ко ќе ве легитимираат џандарите – ќе се осеќате како под вистинска ОКУПАЦИЈА.

Но, не им се лутете на партиите на албанското малцинство. Ништо немаше да можат да сторат без домашните ПРЕДАВНИЦИ од СДС и ДПМНЕ – пишува Димитар Апасиев.

Македонија

ПОРАСТ НА ЗАРАЗНИТЕ БОЛЕСТИ Овчите сипаници, сифилисот и хепатитите земаат замав

Published

on

Институтот за јавно здравје предупредува за зголемената бројка на инфекции .Над 1.000 нови случаи варичела за еден месец.

Во текот на декември, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) регистрирал 1.623 случаи на акутни заразни заболувања, со што се забележува драстичен пораст од 92,8% во споредба со ноември. Најчесто пријавуваното заболување се овчите сипаници, со вкупно 1.025 случаи.

„Овие бројки се сериозен показател за состојбата со заразните заболувања во земјава. Порастот на овчите сипаници, како и зголемената бројка на сексуално и крвно преносливи инфекции, бараат засилени превентивни мерки“, велат податоците од Институтот за јавно здравје.

Останати податоци:

Сексуално и крвно преносливи инфекции: Забележани се 22 случаи, од кои 7 со сифилис, 6 со вирусен хепатит Б, 5 со вирусен хепатит Ц, и 4 со инфекција со хламидија.

Редки заболувања: Евидентирани се 4 случаи на голема кашлица и 2 на заразни заушки.

Заушки: Првиот случај е дете од Ресен, невакцинирано, а вториот е дете од Гевгелија со комплетна вакцинација.

ХИВ/СИДА: Во декември регистрирани се 2 нови случаи на ХИВ, додека еден случај на СИДА завршил со смрт.

Алармантен тренд

Од ИЈЗ велат дека во споредба со истиот период минатата година, бројот на пријавени случаи пораснал за 4,6%, а во однос на десетгодишниот просек, порастот изнесува 8%.

„Овој тренд укажува на потребата од редовна вакцинација и зголемена јавна свест за рано препознавање и превенција“, апелираат од Институтот.

Покрај значителниот пораст на заразни заболувања, во декември се евидентирани и 6 случаи на Ковид-19. Институтот продолжува да ги следи трендовите и да предлага мерки за спречување на ширењето на инфекциите.

Continue Reading

Македонија

ЕВЕ ЗОШТО ИМИДАКЛОПРИДОТ Е ЗАБРАНЕТ ВО ЕУ: Д-р Беќаровски открива колку е опасен овој инсектицид

Published

on

Неодамна македонската јавност ја потресе информацијата дека зелка со опасен инсектицид е запленета и уништена во Хрватска.

По тој повод се огласи д-р Нико Беќаровски кој даде свое стручно објаснување за инсектицидот.

„7 ФАКТИ ЗА #IMIDACLOPRID И “ОТРОВНАТА МАКЕДОНСКА ЗЕЛКА” ОТКРИЕНА ВО ХРВАТСКА

Сите не возбуди веста дека голем контингент на зелка е запленет во Хрватска поради присуство на инсектицидот Имидаклоприд.
Веднаш ‘универзалните експерти” истрчаа со ставови колку и како нѐ трујат.
ФАКТИТЕ СЕ СЛЕДНИВЕ :
1. IMIDACLOPRID спаѓа во групата на неоникотиноиди и има мала токсичност за луѓето.
2. IMIDACLOPRID по препорака од EFSA (European Food Safety Authority) од јануари 2013 година потполно е забранет во ЕУ од 2018 година, ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕНАТА ТОКСИЧНОСТ ВРЗ ПЧЕЛИТЕ.
3. Овој инсектицид врз луѓето има иста или помала токсичност како сите дозволени пестициди.
4. IMIDACLOPRID мора да го тргнеме од нашите полиња за да ги заштитиме пчелите, кои се поретко ги гледаме.
5. Јас лично повеќе би јадел зелка прскана со Imidacloprid, отколку прскана со етиол, децис, ланате, кои за жал се уште ги има во Македонија.
6.Нема научни докази дека Imidacloprid е канцероген за луѓето.
7. Во Македонија останаа премалку обработливи места со еколошки прифатлива почва и атмосфера“, напиша тој.

Continue Reading

Македонија

ПЕСТИЦИДИ БИЛЕ НАЈДЕНИ И ВО ПИПЕРКИ, ГРОЗЈЕ, МОРКОВИ… И покрај контролите на рафтовите се протнува небезбедна храна

Published

on

Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека се врши добра контрола и дека генерално, граѓаните во земјава јадат безбедна храна.

Во текот на целата 2024 година, Системот за брзо известување за небезбедна храна и храна за животни на ЕУ (RASSF), испратил вкупно 23 нотификации, од кои 13 се однесуваат на небезбедна храна по потекло од Македонија, а останатите се поради увоз на небезбедна храна.

Од тие 23 известувања, 16 се однесуваат на храна од неживотинско потекло, 5 за небезбеден материјал кој дошол во контакт со храната, 1 нотификација се однесува на храна од животинско потекло и 1 на добиточна храна.

– Станува збор за 9 алерт нотификации што значи дека небезбедната храна веќе била пласирана на пазарот, 8 нотификации се однесуваат на одбиена пратка од граница, 3 се информации за проследување и 3 се информации за внимание. Според категоријата на небезбедниот производ доминира категоријата храна од неживотинско потекло, овошје и зеленчук од примарно производство и конзервирана – преработена храна и небезбеден материјал кој доаѓа во контакт со храна од неживотинско потекло. Во однос на видот на засегнатата храна станува збор за небезбеден производ од примарно производство, свежи моркови, пиперки, печурки, зелка, конзервирани производи од примарно потекло, органско какао, млечни чоколадни барови, семки од кајсија, замрзнати лижавчиња, пилешки копани, крвна смеса за прасиња – велат од АХВ.

Во 2024 година за определување присуство на резидуи од пестициди лабораториски се испитани 170 мостри. Добиени се 8 позитивни мостри на одредени резидуи од пестициди за производи како што се бабури, пиперки, грозје, кафеав ориз, моркови и корнишони, земени од скопскиот, кумановскиот и од струмичкиот регион.

Инаку покрај лабораториските тестирања кои се вршат во рамки на инспекциските контроли, обврска за секој оператор со храна е да воспостави план за вршење лабораториски тестирања на производите во поглед на безбедноста и квалитетот, во прв ред за исполнување на микробиолошките критериуми за безбедност на производите, како и на другите општи и посебни услови за безбeдност кои треба задолжително да ги исполнуваат производите.

– При сомнеж за безбедност и квалитет и самите оператори можат да пратат мостри за лабораториско испитување заради докажување дека производот е во согласност со законски дефинираните параметри за безбедност и квалитет и она што е дефинирано во декларацијата – порачуваат од Агенцијата.

По уништувањето на македонската зелка на хрватската граница поради присуство на штетна хемикалија, но и другите случаи од претходно, од Агенцијата за храна и ветеринарство за Плусинфо велат дека храната во земјава е предмет на контрола во рамки на редовните, но и на вонредните контроли, кога се постапува по претставки поднесени од граѓани и од правни лица и по добиени PASSF нотификации (известувања кои АХВ ги добива преку Европскиот систем за известување за небезбедна храна), како и во рамки на контролите по мониторинг програмите за безбедност и квалитет на храната.

– Кога станува збор за храна за луѓето која се увезува во земјава, АХВ врши задолжителна контрола на секоја увозна пратка на граничните премини и има законска обврска да ги информира потрошувачите за небезбедна храна, а тоа го прави преку објави на интернет страната на Агенцијата (https://fva.gov.mk/mk/izvestuvanje-otpovikuvanje-nebezbedni-proizvodi) и преку известувања кои Агенцијата ги праќа до електронските и пишаните медиуми – велат од Агенцијата.

Од Агенцијата велат дека генерално граѓаните во земјава јадат безбедна храна, иако инциденти со храна од домашно производство или од увоз, секогаш се можни.

– Реализираните контроли во 2024 година во внатрешниот промет и при увоз (117.465 контроли), ветуваат дека не само што ќе се достигнат, туку и ќе се надминат лани реализираните 125.909 контроли на операторите со храна во земјава и на пратки кои се увезуваат и транзитираат низ државава. Внатрешниот промет на храна од неживотинско и животинско потекло, од почетокот на 2024 година заклучно со ноември е покриен со реализирани триесеттина илјади контроли кај оператори во рамки на редовните, вонредните и реализирани контролни надзори. Како небезбедни уништени се педесеттина тони храна. За утврдените недоследности издадени се околу 2.000 решенија за нивно отстранување, а изречени се и приближно 300 парични казни – велат од Агенцијата.

Инспекторите за храна на граничните премини, како небезбедни, лани вратиле или уништиле 7 пратки со над 74 тони небезбедна храна од неживотинско потекло.

Што се однесува на контролите на официјалните ветеринари на граничните премини, при увоз на храна од животинско потекло, добиточна храна и увоз на живи животни во 2024 година, 14 од пратките биле небезбедни. Вратени се 9, а уништени се 5 пратки од увоз.

Извор: plusinfo.mk

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк