Младите Македонци си одат од кај мама и тато кога ќе „остарат“!

Интересна мапа споделена на Инстаграм ја покажува просечната возраст на која луѓето го напуштаат домот на своите родители во Европа.

Црногорците имаат најмногу години кога го напуштаат родителскиот дом, а просечната возраст според споменатата карта е 33 години. За разлика од Црна Гора, Швеѓаните најрано се осамостојуваат, во просек на 17 години.

Македонците се осамостојуваат во просек на 28 години. Иста просечна возраст имаат и Албанија, Грција и Бугарија. Во Хрватска просечната возраст за независност е 32 години, во Србија 29 години, а во Босна и Херцеговина 30 години.

Меѓу земјите каде младите најрано го напуштаат домот на своите родители се претходно споменатата Шведска со просек од 17 години, потоа Норвешка со 20, Данска со 21, Финска со 22, потоа Белгија, Исланд и Естонија со 23.