Connect with us

Македонија

ДОКУМЕНТ: Ова е ДОГОВОРОТ на ДУИ од 2 милиони евра за косење на трева, кастрење на гранки и сечење на дрвја

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата на „ЗА или ПРОТИВ“ на телевизија Алфа ексклузивно откри дека директорот на ЈП Државни патишта од ДУИ Ејуп Рустеми склучил договор за тендер со фирма од Челопеци од Кичево за косење на трева, кастрење на гранки и сечење на дрвја во патен појас и тоа во вредност од над 2 милиони евра, потенцирајќи дека ова е еклатантен пример за криминал и корупција.

– Сакам вечерва да споделам една работа со вас, а којашто е поврзана со работењето и на владата, но секако и на политичката партија ДУИ. Имено, јавното претпријатие за Државни патишта каде што директор е Ејуп Рустеми од ДУИ склучило со извесна фирма која што да бидам искрен прв пат ја слушам од село Челопеци Кичево, договор кој што основна цел е цитирам: косење на трева, плевел, грмушки, кастрење на гранки и сечење на дрва во патен појас, чистење и собирање на смет во време траење од 2 години, за потребите на ЈП Државни патишта согласно техничка спецификација и договорот е ни помалку, ни повеќе, туку во износ од над 2 милиони евра. Односно 120 милиони денари без ДДВ, и ДДВ во висина од 21 милион и 600 илјади денари. Значи вкупно некаде околу 140 милиони денари или некаде тоа би дошло околу 240 илјади евра договор за косење на трева, плевел, кастрење на гранки, и сечење на дрва во патен појас, во услови кога исто така министер од политичката партија на ДУИ за образование кажува дека не можат да испечат учебници за сите ученици затоа што нема пари, изјави Николоски.

Потпретседателот Николоски нагласи дека треба да се одговори како воопшто се стигнало до овој договор и дали во моментот најприоритетно за Македонија е сечење на гранки и грмушки, како и дали најскапите косачи на трева во Европа живеат токму во Македонија па за две години ќе земат дури 2 милиони  и 400 илјади евра.

– Треба да се даде одговор, прво како се стигнато до овој договор, и второ дали најприоритетно во моментот е сечење на гранки и грмушки и трева на патиштата? И трето најбитно за мене е, како се стигнало до сума од 2 милиони и 400 илјади евра за косење на трева. Дали најскапите косачи на треба во моментот во Европа  живеат токму во Македонија, па за 2 години ќе земат 2 милиони и 400 илјади евра, односно по милион и 200 илјади евра годишно за косење на трева, грмушки. Ова е еклатантен пример за криминал и корупција кој што се случуваат во Македонија. и јас знам дека многу ги боли кога ние удираме по криминалот и корупцијата, дециден е Николоски.

Очекувам одговорат на овие клучни прашања и во однос на постапката и во однос на тоа дали ова е најприоритетно трошење на пари во моментот и во однос на тоа дали најскапите косачи на трева и на гранки на појаси, живеат токму во Македонија, истакна тој.

Македонија

УХМР најавува снег – еве кога започнуваат врнежите!

Според најновите информации од УХМР, денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со слаба до умерена облачност, а во одделни котлини ќе се појави магла. Ќе дува слаб северозападен ветер, а дневните температури ќе се движат од 6 до 15 степени Целзиусови.

Во Скопје се очекува променливо облачно и мирно време, со магла во одредени делови од денот. Температурата ќе достигне околу 6 степени, а ветерот ќе биде слаб, околу 1 метар во секунда.

Стабилното и тивко време ќе продолжи до вторник, при што маглата ќе се задржува во котлините, проследена со зголемена облачност.

Од вторник навечер се очекува промена на временските услови, со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките и планинските предели врнежите ќе бидат од снег.

Continue Reading

Македонија

Д-р Чибишев со апел до родителите: Надворешни активности се опасни за децата при висок степен на загадување

Доктор Андон Чибишев преку социјалните мрежи предупреди на сериозните ризици за здравјето на децата во услови на екстремно загаден воздух. Тој истакна дека денеска, предпладне, додека поминувал покрај улицата „Илинденска“ кај бензинската пумпа на „Макпетрол“, забележал група деца на возраст од околу 7 до 10 години како трчаат и тренираат на фудбалско игралиште.

„Физичкиот напор го зголемува интензитетот на дишењето, што значи и поголемо внесување на штетни и отровни гасови од амбиенталниот воздух. Не можам да разберам зошто на ваков ден, кога загадувањето е екстремно, децата би се изложувале на таков ризик“, изјави д-р Чибишев.

Тој апелираше до организаторите на активности и тренинзи да покажат одговорност и да ги одложат настаните со цел да се заштити здравјето на најмладите.

Апелот доаѓа во момент кога Скопје повторно се соочува со високо ниво на аерозагадување, а здравствените работници постојано предупредуваат на зголемени ризици, особено кај децата, хронично болните и постарите лица.

Continue Reading

Македонија

Конгрес на ДУИ: Ахмети со нови барања

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на Петтиот конгрес на партијата денеска изнесе сет клучни политички барања што, според него, треба да ја гарантираат стабилноста и функционалноста на државата. Во фокусот се избор на Влада со двојно мнозинство, уставни измени поврзани со одлучувањето во Уставниот суд и целосен ветинг на сите јавни функционери во последните три децении, под меѓународен надзор.

Промовирајќи го новиот „Национален договор за напредок“, Ахмети побара воведување на т.н. „извршен Бадентер“, според кој секој иден владин состав ќе мора да ја добие довербата не само од мнозинството пратеници во Собранието, туку и од мнозинството пратеници кои ги претставуваат немнозинските заедници.

Тој истакна дека унитарната држава може да биде стабилна само доколку се темели на доверба и лојалност меѓу сите заедници, нагласувајќи дека двојното мнозинство е механизам што обезбедува инклузивност и политичка рамнотежа.

Во делот на судството, Ахмети предложи законите донесени со Бадентеров принцип во Собранието да не можат да бидат поништени од Уставниот суд без истото двојно мнозинство меѓу уставните судии. Според него, потребни се уставно-правни измени со кои одлуките што ги засегаат правата на немнозинските заедници ќе се носат само со заемна согласност.

Покрај уставните промени, лидерот на ДУИ инсистираше и на темелно „прочистување“ на политичката сцена. Тој побара целосен ветинг за сите носители на јавни функции во изминатите 34 години, вклучувајќи проверка на потеклото на имотот и процесите на приватизација, со јасен меѓународен надзор.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг