Неверојатни торнада ја пустошат САД, последиците катастрофални (Видео)

Најмалку три лица загинаа, а десетици се повредени вчера во силно торнадо што ја погоди јужната американска држава Арканзас, додека силните бранови на невреме доведоа до уривање на покривот на театар северно во државата Илиноис кога најмалку едно лице е убиен, а 28 се повредени, пренесува Фактор мк.

Во Арканзас две лица загинаа во градот Вино, изјави гувернерката Сара Хакаби Сандерс на прес-конференција и прогласи вонредна состојба и нареди распоредување на околу стотина припадници на Националната гарда во таа сојузна држава. Таа во порака на Твитер напиша дека центарот на Арканзас претрпел значителна штета.

Разурнувањата се катастрофални.