Connect with us

Македонија

Фото: ДРЖАВЕН АРХИВ СЕ ПРЕСМЕТУВА со граѓаните на Фејсбук

Published

on

Администраторот на Државниот архив на Република Македонија, надвор од работното време, односно околу два часот по полноќ влезе во пресметка со граѓаните на Фејсбук.

Поради навредливи коментари на граѓаните, Државниот архив најави кривична пријава.

-Државниот архив го пријавува овој коментар на Ристо Ангелов до Министерството за внатрешни работи сметајќи дека е говор на омраза и девалцирање на владина институција која што професионално ги извршува своите задачи и обврски. Предлагаме соодветните органи да преземат мерки за санкционирање на ваквото однесување на индивидуата“, објави Државниот архив.

Ова не беше единствената комуникација со граѓаните, затоа што неколку часа по полноќ продолжи „војната“ од администратотор на Државен архив и граѓаните.

Македонија

СДСМ ќе избира претседател на 16-ти март

Published

on

СДСМ ќе избира претседател на 16 март, одлучи партискиот Централен одбор (ЦО).

-Согласно Статутарните одредби, Централниот одбор донесе Одлука за распишување на директни внатрепартиски избори за избор на Претседател на СДСМ кои ќе се одржат на 16 март 2025 година. СДСМ е единствената партија во земјата во која членството бира претседател на дирекрни внатрепартиски избори што говори за  демократскиот капацитет и на партијата и на членовите, наведува СДСМ.

Continue Reading

Македонија

Укажувањето на д-р Чибишев вроди со плод: Институциите ја проверија туната во Македонија

Published

on

Докторот порача: „Браво за брзата, одговорна и професионална реакција. Не сме исти“!

Експресна реакција на надлежните институции, укажувањето на директорот на Токсикологија д-р Андон Чибишев вроди со плод.

-Попладнево разговарав со Директорот на Агенцијата за храна и ветерина г-динот Оливер Миланов кој ме информира дека Агенцијата после мојот коментар на социјалните мрежи во рамките на своите законски надлежности направи консултации со соодветните Европски инситуции задолжени за контрола на безбедноста на храната и направи вонредни контроли на посочените конзерви туна и гарантира дека овие производи кои се продаваат во трговската мрежа во Република Македонија се безбедни за консумација, истакна Чибишев.

Докторот порача: „Браво за брзата, одговорна и професионална реакција. Не сме исти“!

Потсетуваме, вчера Чибишев објави укажување

-Конзервите туна со концентрација на жива неколку пати поголема од дозволената се проблем на Европската Унија. За жал конзерви со туна се продават и во трговската мрежа во Македонија, напиша тој.

Continue Reading

Македонија

ЈП ,,Македонија пат”: Снег на планинските превои, возете внимателно

Published

on

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови. Како што информира ЈП „Македонија пат“, врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Маврово и на планинските превои Буково, Ѓавато и Плетвар, додека врнежи со среден интензитет се бележат на Попова Шапка и во Крушево, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и на прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Претпријатието со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучено во расчистување на патиштата. Неговите дежурните екипи, наведува, се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Учесниците во сообраќајот можат да ги добијат сите подетални информации на дежурниот телефон 02 25 61 502.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк