Connect with us

Балкан

СРБИТЕ АПСАТ ПЕДОФИЛИ – УАПСЕНИ 12 ЛИЦА, наоѓале деца по социјалните мрежи!

Published

on

„Осомничените се уапсени за постоење основан сомнеж дека извршиле кривични дела набавка, прикажување и поседување порнографски материјал со детска порнографија, искористување малолетници за порнографија и сексуално вознемирување,соопшти полицијата.Сомнежите се дека тие подолго време преку интернет преземале, снимале на уреди и споделувале содржини на кои имало  искористување деца во порнографски цели. Исто така, полицијата се сомнева дека тие преку социјалните мрежи и мобилни апликации стапувале во контакт со децата соопшти српската полиција.

„Осомничени се дека договарале и оствариле средби со малолетници со цел стапување во сексуални односи. Осомничените ќе бидат изнесени пред надлежното обвинителство“,соопшти српското министерство за внатрешни работи.

ВИДЕО ТУКА

Балкан

Патот кон Халкидики затворен: Поројни дождови предизвикаа колапс на сообраќајот!

Published

on

Одредени патишта кои водат до Халкидики, се затворени поради излевање на поток, предизвикано од поројните дождови во неделата, јави грчката национална телевизија ЕРТ.

Сообраќајот е прекинат на патот Неа Каликратија – Неа Ираклија, каде што е излеан потокот Агиос Павлос. 

На местото на настанот се испратени екипи кои треба да ја исцрпат водата и да сесанираат штетите.

Continue Reading

Балкан

Доналд Трамп Помладиот ќе ја посети Романија

Published

on

Доналд Трамп Помладиот, најстариот син на претседателот на Соединетите Американски Држави, денеска ќе ја посети Романија.

Поводот е настан посветен на деловното опкружување, објавуваат романските медиуми, повикувајќи се на информации од организаторите.

Трамп Помладиот нема планирани средби со романски политичари.

Посетата ќе биде организирана само една недела пред првиот круг од претседателските избори во Романија на 4 мај, забележуваат медиумите.

Романија е дел од источноевропската турнеја на Доналд Трамп Помладиот, во која беа вклучени и Унгарија, Србија и Бугарија.

Минатиот декември, 47-годишниот син на американскиот претседател ја опиша одлуката на Уставниот суд на Романија да го поништи првиот круг од претседателските избори во земјата како „уште еден соросоидно-марксистички обид за манипулирање со резултатот“.

На почетокот на март оваа година, независниот кандидат Виктор Понта објави фотографија на социјалните мрежи со Доналд Трамп Помладиот.

Continue Reading

Балкан

Оваа бања е поубава од Бали, а за Македонците речиси „на чекор“ – рајска оаза скриена во најтесниот кањон во Европа

Published

on

Со автомобил, преку автопатот Е-75 кон Ниш, па потоа се продолжува кон Пирот, може да се стигне за околу два до два и пол часа, што ја прави оваа бања идеална дестинација за кратко викенд бегство или дури и за еднодневна авантура.

Доколку сонувате за егзотика, лековити води и недопрена природа, а не сакате да патувате на крајот на светот, решението ви е поблиску отколку што мислите!

Звоначка Бања е сместена во близина на реката Јерма, околу 30 километри од градот Пирот, кој пак се наоѓа на приближно 100 километри од македонската граница кај Прешево, или околу 150 километри од Скопје.

Звоначка Бања е еден од највисоко поставените бањски центри во Србија.

Топлите, минерални извори кои извираат од длабочина од 550 метри имаат температура од околу 28 степени Целзиусови и се користат за лекување на широк спектар на здравствени проблеми: нервни заболувања (невралгии, психоневрози, неврастении, вегетативни дисфункции), ревматски заболувања, проблеми со ‘рбетот до воспалителни процеси на очите, па дури и висок крвен притисок.

Природата околу бањата е речиси недопрена – бујна, зелена и егзотична, потсетувајќи на тропските предели од соништата.

Кањонот на реката Јерма, со своите стрмни карпи кои на моменти изгледаат како да се допираат, потсетува на природен феномен како Термопилите, но сместен во срцето на Балканот.

Ако ве однесе патот таму, или ако намерно тргнете, не пропуштајте да го посетите и прекрасниот Манастир Поганово, кој датира од крајот на 14 век. Го изградил Константин Драгаш, внук на цар Душан, и го посветил на Св. Јован Богослов.

Благодарение на непроодноста на клисурата на Јерма, манастирот е зачуван низ вековите како еден од најголемите бисери на средновековната уметност.

Звоначка Бања денес е сè уште недоволно откриена од туристите, што ја прави идеално место за сите оние кои бараат мир, релаксација и вистинско бегство од секојдневниот стрес.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк