Connect with us

Македонија

Лазарките од струшко Луково (ВИДЕО)

Published

on

Лазарова сабота или Лазарици или Лазаровден — еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус којшто е променлив празник и секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, кои се точно една недела пред најголемиот празник Велигден. На овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос.

Овој настан бил на шест дена пред предавството и убиството на Христос на Голгота. На Лазарева сабота обичај е да се носат гранчиња од врба што симболично претставува свечено Христово влегување во Ерусалим, каде што го пречекале следбениците.

Во Македонија овој празник има големо значење и масовно се прославува низ целата земја. Од раните утрински часови групи девојчиња облечени во традиционална невестинска облека одат низ населените места и пеат лазарски песни.

Има повеќе лазарски песни и се користат според личниот, семејниот или општествениот статус на лицето за кое е наменета песната. Песните обично се со оптимистична и духовита содржина и посакуваат здравје, успех и напредок

Обичајот Лазарки, најзастапен во Радожда, Враништа, Вевчани и во Луково, а токму од струшко Луково е и видеото во продолжение. Навистина е убаво кога ќе се видат деца кои ги почитуваат и негуваат вековните македонски и христијански обичаи.

Македонија

Двајца осомничени за напад на полицајци

Published

on

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка и предложи притвор за две лица осомничени за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Едниот од нив е осомничен и за обид за кривично дело – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие според член 382 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничените со ножеви во рацете им се заканиле на двајца униформирани полициски службеници, кои постапувајќи по наредба за вршење на мотопатролна дејност на регионалниот пат Р23-33 Битола-Бистрица го запреле возилото во кое се наоѓале осомничените за да извршат контрола на возило и возач. Со ножевите осомничените се упатиле кон полицајците, вербално заканувајќи им се дека ќе ги убијат. Едниот од осомничените и физички нападнал полицаец, го турнал и започнал да го стега за вратот, нанесувајќи му површинска телесна повреда. Кога полицајците се обиделе да го совладаат, другиот осомничен се обидел да ги спречи така што ги тргал за рацете и униформите. Двајцата осомничени биле лишени од слобода со засилување од интервентна екипа од СВР Битола.

Одлучувајќи по предлогот од надлежниот јавен обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд во Битола на осомничените определи притвор во траење од осум дена.

Continue Reading

Македонија

Повреден полицаец, со „крајслер“ излетал од булевар во Скопје

Published

on

Во 00.10 часот денеска, во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Скопје, патничко возило „крајслер“, сопственост на МВР, а управувано од полицискиот службеник М.Н.(32) од Кратово, излетало надвор од коловозот, информира МВР.

Во незгодата возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Continue Reading

Македонија

Повредени 7 лица: Четири возила учествуваа во сообраќајка

Published

on

Доктор Муајед Амети од итна помош Куманово информираше дека седуммина се повредени, петмина биле со полесни повреди, двајца поради карактерот на повредите се задржани во Општа болница Куманово.

Четири возила учествувале во сообраќајната несреќа што се случи денеска на магистралниот пат Куманово – Крива Pаланка во атарoт на Младо Нагоричане, соопшти денеска СВР Куманово.

Седуммина биле повредени, петмина полесно, двајца биле задржани во Oпшта болница Куманово, соопштија од итна помош Куманово.

Сообраќајната несреќа во полицијата била пријавена во 12:15 часот.

– На магистралниот пат се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „опел астра“ со кривопаланечки регистарски ознаки управувано од Т.И. (64) од Крива Паланка, „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки управувано од А.К. (36) од село Алгуња, Општина Старо Нагоричане, „форд куга“ со скопски регистарски ознаки управувано од П.П.(60) од Скопје и возило „волво“ со скопски регистарски ознаки управувано од Б.Н.Т. (31) од Скопје. Во незгодата со повреди констатирани од лекар од Општа болница Куманово се здобиле возачите Т.И., А.К. Б.Н.Т и сопатниците С.С., А.К., С.К. и А. К, соопшти полицијата.

Доктор Муајед Амети од итна помош Куманово информираше дека седуммина се повредени, петмина биле со полесни повреди, двајца поради карактерот на повредите се задржани во Општа болница Куманово.

Увид извршила екипа од СВР Куманово.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк