Connect with us

Македонија

Ден на жалост во Македонска каменица – Загинаа три млади момчиња во тешка сообраќајка во Италија

Published

on

Вчера вечер Советот на Општина Македонска Каменица прогласи тридневна жалост по трагедијата во Италија, каде двајца жители од општината загинаа во сообраќајна несреќа, и објави дека ќе биде прогласена тридневна жалост.

Во соопштението, Советот изрази искрено сочувство до фамилиите на загинатите млади момчиња и објави дека Општината ќе ги разгледа можностите за финансиска помош на семејствата.

Како што претходно пренесоа медиумите во сообраќајка загинаа тројца млади граѓани, двајца од Македонска Каменица и едниот од селата Саса и Пекљани, Виничко.

Македонска каменица е завиена во црно и секогаш ќе се сеќава на загинатите.

Македонија

Утре ќе нема струја цел ден: ЕВН најави исклучувања во овие делови од Скопје

Published

on

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре (вторник) без електрична енергија ќе останат:

– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од село Горно Оризари, Каменолом Гаранит, село Глуво, село Бразда и село Голиево. (општина Чучер Сандево)

– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од делот кај општината Студеничани (општина Студенични).

Continue Reading

Македонија

Мицкоски се пофали, сподели две важни вести

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски најави реконструкција на два важни објекти во земјава.

„Денес сакам да најавам две важни вести. Првата е реконструкција на ЈЗУ Градска општа болница „8-ми септември“ или популарно наречена “Воена болница”. Втората, реконструкција и нова административна зграда на Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле““, објави тој.

Continue Reading

Македонија

Полицијата не запира со засилените контроли, за викендов регистрирани 2.228 прекршоци, најмногу за возење над дозволената брзина

Published

on

Во текот на последниот викенд од овој месец, според бројките од полициските сообраќајни контроли на ниво на целата држава, се чини дека како по некое непишано правило за учесниците во сообраќајот значи своевидно опшуштање во поглед на почитувањето на сообраќајните правила и прописи, велат од МВР.

„Па така, во рамки на извршените сообраќајни прегледи (21/22/23.02), од 2.228 издадени платни налози дури 718 прекршоци се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина на движење, 106 – за возење во алкохолизирана состојба, како и 215 прекршоци што се однесуваат на управување без возачка дозвола.

Исто така, зради непочитување на одредбите околу задолжителното користење на сигурносен појас евидентирани се 171 прекршок, плус 12 прекршоци за граѓани кои што управувале моторцикли без заштитен шлем, а за користење на мобилен тлефон при возење изречени биле 45 прекршочни казни. Воедно, (компаративно гледано во споредба со минатиот викенд) има благ пад по однос на прекршоците поврзани со неправилно паркирање – 451, додека пак регистрирани се 15 случаи на минување на црвено и 28 прекршоци од страна на пешаци, а согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“, соопшти МВР.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк