Connect with us

Македонија

Тасевски згрозен: Давате поддршка за куче што закла осумгодишно дете

Published

on

Осумгодишно дете почина откако беше нападнато од куче во скопската населба Пинтија, по што следеа бурни реакции на јавноста. Дел од граѓаните сметаат дека родителите на детето се виновни за инцидентот што се случил, а тоа го згрози актерот Сашо Тасевски.

-Топли зборови на поддршка за кучето што закла осумгодишно дете, стигаат од многу страни. Детето било виновно. Родителите не го воспитале, па влегувало во туѓи дворови кадешто нормално е да бидеш заклан од куче кое го чува дворот. Читаш и утробата ти се крева.Ако колевката на кошарката се САД, на фудбалот Англија, тогаш ние сме колевката на пореметеноста. Немам веќе дилеми. Пореметени со тапија се на власт, одбрани од исти такви без тапија, ама исто пореметени. Кога бев мал дедо ми чуваше шарпланинка Џина. Ѕвер. Глава како на лав. Тој ја дресираше војнички. Не смееше да лае, да не плаши луѓе. Особено деца. Мои другарчиња. Само ако иде некој ноќе во дворот, ќе најави, онака кратко придушено: Уфф! Паметна ко шахист. Ме сакаше ептен.

Нејсе, еднаш влезе другарче во двор, десетгодишно, ко стопати претходно. Џина го знаеше. Он играл со неа, ја галел и претходно. Од чиста мира го касна над зглобот. Не беше тоа некоја многу страшна рана, но обилно крвареше. Малиов писна, дотрча дедо ми, во кола малиов и јас и во болница. После пепел во лицето, го однесе дома. Му беше срам и му беше тешко пред неговите родители, баба му и дедо му кои добро ги познаваше. Сабајлето ја зеде Џина, ја однесе негде и застрела со пиштолот.  Ме лажеше дека ја однел во бачило. По еден месец ми кажа баба ми. Го прашав зошто? Ми рече: Не смееше да лае на дете, а не да касне. Следниот пат ќе убиеше. Нешто во главата и се сменило. Морав. Заслужи, пишува Тасевски на Фејсбук.

Македонија

По трагедијата во Кочани, ДКСК утврди низа пропусти во Законот за угостителска дејност

Published

on

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) утврди низа пропусти во Законот за угостителска дејност. Анализата ја спроведе по сопствена иницијатива, откако се случи трагедијата во Кочани во која загинаа 61 лице.

Упис на физички лица во Регистарот за вршење угостителска дејност без претходна проверка од надлежен орган за исполнетоста на минимално-техничките услови, е само една од слабостите што ги нотира ДКСК. Според Комисијата, регулаторен ризик се забележува и во однос на проверката на условите за вршење угостителска дејност, во постапката и условите за давање лиценца, во однос на казните, а не е јасно и кои дополнителни дејности покрај угостителската се опфатени со Законот.

– Во член 4а став 2 утврдивме регулаторен ризик – одредбата овозможува упис на физички лица во Региостарот за вршење угостиелска дејност без претходна проверка од надлежен орган за исполнетоста на минимално техничките услови, доволно е лицето само да достави пријава до ДПИ без обврска надлежниот орган да ја верификува точноста на наводите. Ризикот е во тоа што постапката е формално завршена без реална потврда на исполнетост на условите што создава правна празнина поради отстуство на обврската за контролен надзор прд регистрација и се отвора простор за декларативни пријави што во пракса значи дозвола за вршење дејност без реална проверка шт може да има последици врз здравјето и безбедноста на гостите. ДКСК препорачува во Законот да се предвиди обврска за доставување писмена согласност од ДПИ или друг надлежен орган со што ќе се потврди исполнетоста на минимално техничките услови пред уписот во Регистарот. Неопходно е да се пропише обврска ДПИ да изврши увид во определен рок, на пример 15 дена, како и санкции во случај на невистинито пријавување вклучувајќи можност за казна или одземање на одобрението, истакна претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска која ги образложи резултатите од анализата на Законот.

Во однос на казните, наместо предвидените инспекциски мерки како опомена, задолжување или забрана, се предвидува врачување покана за едукација што не е, рече Димитровска, во согласност со важечките законски процедури.

– Ова создава правна колизија и води кон правна несигурност во постапувањето на инспекторите и остава простор за различна, призволна примена на инспекциските овластувања. И во делот на прекршочните одредби е утврден регулаторен ризик. Висината на глобите не е сразмерна со тежината на можните последици особено кога прекршувањата се однесуваат на заштитата на животот, здравјето и безбедноста на луѓето. Се препорачува да се преиспитаат прекршочните одредби за да се обезбеди сразмерност меѓу висината на глобите и сериозноста на последиците, особено кај прекршувањата се однесуваат на здравјето и безбедноста на луѓето. Треба да се примени и трикратниот износ на глоба за сериозни прекршоци, истакна претседателката на ДКСК која укажа дека мора да се усогласи член 59 од Законот за угостителска дејност со член 82 од Законот за инспекциски надзор.

Заклучокот на ДКСК е дека во Законот за угостителска дејност постојат бројни регулаторни ризици поради недоволно прецизно, нецелосно и неконзистентно уредени постапки, отсуство на функционални контролни механизми и можност за декларативно исполнување на условите без фактичка проверка од надележен орган.

– Се забележува и правна неусогласеност со други системски закони, пред се со Законот за инспекциски надзор и Законот за прекршоци што води до правна несигурност и различа примена во пракса. Овие нормативни слабости создаваат простор за корупција, злоупотреба на дискрециски овластувања и нееднакво постапување кон различни субјекти во идентични или слични ситиации, потенцира претседателката.

Извештајот од спроведена антикорупциска проверка со кој покрај Законот за угостителска дејност се опфатени и Законот за заштита и спасување, Законот за инспекциски надзор, Законот за локална самоуправа, Законот за заштита од експлозивни материи и Законот за промет на експолозивни материи ќе биде јавно објавен, но ќе биде и доставен до предлагачот, како и до институциите што ги имплементираат и регулираат овие закони.

На денешната седница на ДКСК која е во тек, на дневен ред се и Извештајот од спроведена антикорупциска проверка на легислативата на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како и Извештајот од спроведена антикорупциска проверка на легислативата на член 14 од Правилникот за начинот на спроведување на селекција при распоредување, како и при унапредување и начинот на остварување на системот на кариера на работниците во Министерството за внатрешни работи.

Continue Reading

Македонија

MEЏИТИ СО АПЕЛ ДО ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ДА АПЛИЦИРААТ НА КОНКУРСОТ СО ПРОЕКТИ ЗА ПОДОБРА ЖИВОТНА СРЕДИНА

Published

on

Скопје, 15.04.2025 Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денес имаше работен состанок со представници на невладини организации и здруженија на граѓани кои работат во областа на животната средина, на кој информираше околу Конкурсот за распределување на средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа на животната средина за 2025 година.
Меџити на состанокот го истакна значењето невладините организации да аплицираат во конкурсот.

‘Целта на оваа Програма е да се поттикнат и финансираат конкретни проекти, активности и иницијативи кои ќе придонесат за заштита, унапредување и одржливо управување со нашата животна средина – нешто што е од суштинско значење за здравјето и благосостојбата на сите наши граѓани’ изјави Меџити додавајќи дека НВО-ата има многу значајна улога во делот на подигање на јавната свест, едукација и обуки поврзани со заштитата на животната средина.

Дел од овие финансиски средства, информира Меџити се обезбедуваат од еколошката такса при регистрација на моторни возила, дел од надоместок за био-разградливи кеси за пазарење, надомест кој го плаќаат операторите на инсталации со А – интегрирана еколошка дозвола и средства од други владини услуги, што во пракса значи парите на граѓаните ги враќаме пак кај граѓаните.
На состанокот се истакна дека транспарентноста и објективноста се основата на пристапот на МЖСП, а критериуми за невладините организации се да бидат регистрирани најмалку една година пред конкурсот, да делуваат во интерес на јавноста и да немаат поднесено ист проект за финансирање до други извори.

Рокот за аплицирање е до 29 април, во одделни обрасци и формулари, кои се достапни на официјалната веб-страна на Министерството.

Continue Reading

Македонија

[ВИДЕО] Македонското еколошко друштво лоцираше уште еден балкански рис: Рисицата Зора е млада и здрава женка

Published

on

Нов успех за заштитата на балканскиот рис: МЕД лоцираше нова женка, по име Зора

Македонското еколошко друштво (МЕД) регистрираше нов балкански рис на територијата на Македонија, објави организацијата на својата официјална страница на Фејсбук.

Станува збор за млада женка тешка 15,5 килограми, која го доби името Зора. Таа е 15-тиот балкански рис на кој МЕД му има поставено ГПС-околувратник, преку кој се следи нејзиното движење и се собираат вредни податоци за овој критично загрозен подвид.

„Овие информации се од клучно значење за долгорочното закрепнување и зачувување на балканскиот рис, кој претставува едно од најредоките и најзагрозени животни во Европа“, истакнуваат од МЕД.

Видеото со новата рисица Зора е достапно за јавноста, и може да се погледне овде.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк