Connect with us

Македонија

ПОТРЕСНО СВЕДОШТВО на мајката на починатото новороденче во битолската болница: „НИ ГО УБИВТЕ БЕБЕТО поради вашето его, надменост и непрофесионализам“

Македноската јавност неколку дена е разбранувана по втората трагедија во битолската болница во која мајка на 24 годишна возраст го изгуби своето новородено бебе.

Вонредниот надзор на ДСЗИ пронајде низа пропусти во постапувањето на докторите при што беше изречена само прекршочни мерки за д-р М. В , за правното лице и за одговорното лице во правното лице како и за дежурниот доктор со иницијали М.В.

Скршена од болка младат Викторија Крстеска во Фејсбук статус опиша што се случувало кобниот ден кога таа и сопругот останале без најмилото.

Еве ја во целост објавата на мајката на Фејсбук:

Овие денови требаше да ја добијам најголемата титула во животот.
МАЈКА.
Поради партиските “препуцавања”, РИВАЛСТВО, ИНАЕТ МЕЃУ ДОКТОРИТЕ и НЕСПОСОБНОСТА
ЈАС ИЗГУБИВ НАЈМНОГУ.
ГО ИЗГУБИВМЕ НАЈВРЕДНОТО НЕШТО ВО ЖИВОТОТ.
НАШИОТ ЈОВАН.
НАШЕТО НАЈМИЛО.
ДО КОГА РАДИ ВАС ПАРТИСКИ ПИУНЧИЊА ЌЕ СТРАДАМЕ????
Се изначитавте.. безброј лаги. Различни приказни.. Сите се ставивте на мое место внатре во сала, а уствари,
ТАМУ БЕВ САМО ЈАС и тие..”луѓе”.
Не знам и дали дали треба да кажам дека се луѓе.
Бебето не ми почина во стомакот, ниту беше извадено со вакум, иако се колнат дека било. Пола секунда било.. Ех, уште на маката и будала да те направат..
Точно дека бев вратена од болница дома и сеуште си го поставувам прашањето, ЗОШТО?
Се вратив во раце на други. Откако ми го пукнаа водењакот и ИСКУСНИТЕ воочиле дека има мекониум, а ЦТГ уредно, А ЗА КОЕ НИКОГАШ НЕ ОДБИВ ДА МИ БИДЕ НАПРАВЕНО, ИМАШЕ ВРЕМЕ за царски, и до утре можат да ме убедуваат дека немало, било во каналот… Па еве, кога било во канал, можевте веднаш да употребите ама вистински вакум и да го извадите и ми го спасите бебето, а не додека после пукање на водењакот викав, кревајќи ја болницата од болки и молев за рез, уште два часа, госпоѓата која што веднаш после смртта на моето бебе си замина на одмор и не се појави на ниту едно сослушување, која тврдеше дека НЕ УЧЕСТВУВАЛА во мојот пораѓај, иако таа ме искасапи и животински ми скокаше на стомакот, ми се смееше и ми рече ” АКО НЕ ТИ СЕ БЕНДИСВАМЕ НИЕ, ОДИ СИ ВО ПЛОДНОСТ”.
Удирајќи ме во стомакот, на кој што сеуште имам траги, насилно ми го извадивте бебето кое НИКОГАШ НЕ УСПЕАВ ДА ГО ВИДАМ! И УШТЕ ЛЕСЕН БИЛ ПОРАЃАЈОТ, ДАЈ БОЖЕ СИТЕ СЛЕДНИ ДА МИ СЕ ВАКВИ….??? Па не бил насилен пораѓај.
Какви се не небулози ќе слушнам? Зарем немате трошка милост? Дел по дел ќе обелоденам се!
И тоа што ми се умилкувавте, ПЛАЧЕЈЌИ и нудејќи ми разноразни ствари, кафенце, сокче.. Ако ти треба нешто само јави се.. НЕМА ДА ВЕ ИСПЕРИ.
Имав НАЈЗДРАВА БРЕМЕНОСТ, ДО ПОСЛЕДНИОТ МИГ. Секој преглед уреден, секој резултат уреден.
Го направија пропустот за кој што ЗНАМ, дека НИКОЈ нема да сноси одговорност или за да се покријат, ќе одговара некој друг. Колку да е некој де…
А ништо чудно и обдукцијата да е така скоцкана да нема крив. Како што кажавте, да не е некоја најретка аномалија или?
А тоа што по канти баравте плаценти, постелки, и што ми стававте?!
А тоа што се договоривте што да кажите за да се покриете?
А?
Оставки, жалења, тажења.. НЕ.
Знам, свесна сум за се! Иако мислевте не.
НЕ ПОТЦЕНИВТЕ И МЕНЕ И СОПРУГОТ.
Но, ЌЕ ВЕ ИЗГОРАМ СИТЕ.
ВЕТУВАМ!
Ни го убивте бебето поради вашето его, надменост и непрофесионализам… Мислејќи дека сте Бог.
УБИЈЦИ!
ПАРИЧНА КАЗНА? СМЕШНО Е.
ДУРИ НЕ СНОСАТ ОДГОВОРНОСТ НЕМА ДА СЕ ОТКАЖЕМЕ!!!!!

Македонија

Ахмети повика на протест во знак на поддршка за поранешните лидери на ОВК обвинети за воени злосторства во Хаг

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, соопшти дека следен протест за поддршка на поранешните команданти на ОВК, на кои им се суди во Специјализираните комори во Хаг, ќе се одржи во Скопје на 13 декември.

Според најавата, протестниот собир ќе започне во 13:00 часот на плоштадот „Скендербег“ во главниот град.

„На 13 декември, почнувајќи од 13:00 часот, ќе протестираме и во Скопје за да бараме правда и да покажеме поддршка за ослободителите кои неправедно се држат во затворите во Хаг. Планирано е протестот да се одржи на плоштадот „Скендербег“ во Скопје“, прецизираше лидерот на ДУИ.

Ахмети упати повик до Албанците да се приклучат на собирот, истакнувајќи ја целта за „демонстрирање на чистата борба за слобода и независност“.

Лидерот на ДУИ претходно учествуваше и на двата големи протести организирани во Приштина и Тирана, кои исто така беа посветени на поддршка на поранешните водачи на ОВК.

Во Судот во Хаг, на обвинителна клупа се наоѓаат и  Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, кои се товарат за воени злосторства извршени за време и по војната на Косово.

Извор: https://politika.com.mk/archives/48700?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%d0%b0%d1%85%d0%bc%d0%b5%d1%82%d0%b8-%d0%bd%d0%b0%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b8-%d0%bf%d1%80%d0%be%d1%82%d0%b5%d1%81%d1%82-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%b4%d0%b4%d1%80%d1%88%d0%ba%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf

Continue Reading

Македонија

Екстремни врнежи на удар: До 40 литри дожд по квадратен метар – опасност од локални поплави

Денес Македонија е под директен удар на голем и моќен влажен бран кој пристигнува од југ, носејќи со себе драматична промена на времето!

Не очекува тотално облачно небо над целата земја, проследено со интензивни врнежи од дожд кои ќе ја зафатат секоја општина.

Врнежите нема да бидат само обични – се очекуваат обилни количини на вода, особено во јужните региони на земјата! Таму, метеоролозите алармираат дека на локално ниво за само 24 часа може да наврнат над 40 литри на квадратен метар, што значи дека е можна појава на локални излевања и проблеми во сообраќајот!

На повисоките места, пак, се враќа зимата! На планините, на надморска височина над 1700 до 1800 метри, дождот ќе почне да преминува во снежни врнежи, кои ќе формираат нова покривка на планинските врвови.

Властите повикуваат на максимална претпазливост, особено во југот на државата, поради очекуваниот пороен дожд!

Continue Reading

Македонија

Секој трет граѓанин во Македонија се соочува со мито, покажува новиот извештај на МЦМС

Секоја трета личност во Македонија се соочила со барање или дала мито за да заврши административна или институционална обврска, покажува новиот извештај за корупција на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, на одбележувањето на Меѓународниот ден за борба против корупцијата изјави дека на 37% од испитаниците им било побарано мито, а 31% признале дека навистина дале мито за да ја добијат услугата што ја барале. Според него, корупцијата е втор најголем општествен проблем во земјата и, загрижувачки, „во голема мера прифатена“ во секојдневието.

Извештајот укажува на ниска доверба во правосудството – судиите и обвинителите се меѓу институциите со најниска оценка кај граѓаните, додека довербата во Парламентот е нешто повисока.

Заменик-шефот на Делегацијата на ЕУ, Бен Нупнау, порача дека Европската унија останува посветена на поддршката во борбата против корупцијата, но предупреди дека веќе три години нема значителен напредок. Тој апелираше за нов Кривичен законик, суштински реформи и деполитизација на правосудството.

Швајцарскиот и шведскиот амбасадор, Кристоф Зомер и Ола Сулстром, нагласија дека потребен е системски, долгорочен пристап за реални резултати, додека ОБСЕ порача дека промените се достижни само со активна и искрена имплементација на реформите.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг