Connect with us

Македонија

Денеска првиот лет меѓу Скопје и Франкфурт: „Луфтханза“ влегува на македонскиот пазар

Со слетување на првиот авион на „Луфтханза“ на скопскиот аеродром, денеска ќе биде означен стартот на новата авиолинија Франкфурт-Скопје, како и влезот на германската авиокомпанија на македонскиот пазар.

На Меѓународниот aеродром Скопје, првиот авион од Франкфурт ќе го пречекаат министерот за транспорт и врски Благој Боварски, германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер, генералниот директор на ТАВ Македонија Метин Батак и регионалниот директор на групацијата „Луфтханза“ Петер Пулем.

Новата авиолинија – од Скопје до Франкфурт се реализира со субвенции од Владата. „Луфтханза“ ќе лета од Скопје до Франкфурт од 23 април, десет пати неделно.

Преку Франкфурт, патниците од земјава ќе имаат можност да се поврзат со повеќе од 200 дестинации во повеќе држави во Европа и светот.

„Луфтханза“ на својата веб страница веќе ја нуди новата авиолинија до Скопје како можност за евтино, опуштено и брзо патување до Македонија.

Посетете ја Македонија, запознајте ја земјата и нејзините луѓе и посетете ги знаменитостите. Кога ќе слетате во Скопје, можете да уживате во земјата и нејзините луѓе чувствувајќи се целосно одморени. Без разлика дали станува збор за деловен состанок во Скопје или за најдобрата дестинација за одмор во Република Македонија, лет резервиран на Луфтханза секогаш ви гарантира удобно и безбедно патување од Германија до посакуваната дестинација, пишува меѓу другото на веб страницата на германскиот авиопревозник.

Покрај „Луфтханза“, договорени се и четири нови дестинации со унгарски „Визер“, од Скопје до Луксембург, Штутгарт, Салцбург и до Љубљана. „Визер“ ќе ги опслужува  четирите нови дестинации три пати неделно од 1 ноември годинава.

Финансиската поддршка за новите летови изнесува седум евра во денарска против вредност по патник во заминување превезен од Меѓународниот аеродром Скопје.

„Луфтханза“ и „Визер“ за дестинацијата за која ќе добиваат финансиска поддршка ќе имаат обврска и по завршување на субвенциите да продолжат да ја оперираат линијата за период за кој добивале субвенциите. Во спротивно, ќе бидат должни да го вратат целиот износ на средства што ги добиле како финансиска поддршка. Ако компанијата добивала субвенции во рок од три години, ќе мора и по истекот на тие три години да ја оперира таа линија без државата да и плаќа на компанијата.

Субвенции за нови летови по пауза од една година 

Министерството за транспорт и врски во својот буџет годинава има предвидено 1,1 милион евра за субвенционирани летови, а вкупно пет милиони евра за тригодишната програма. Доколку се процени дека има потреба, како што најавија претходно од овој ресор до крајот на годинава, ќе биде објавен нов повик.

Државава доделува финансиска поддршка за нови летови по пауза од една година. Заклучно со 1 март лани, субвенции по овој основ добиваше унгарски „Визер“ преку три последователни договори во траење од по три години. И со тие договори важеше обврската за опслужување на линијата за која се добива субвенција и по истекот на договорот за период колку што се добивала субвенција.

Со првиот  договор за периодот 2012-2015 година  на „Визер“ му се исплатени субвенции во износ од 3,8 милиони евра, со вториот договор од 2015  до 2018 година пет милиони евра, а со третиот од 2019 до 2021 година износот по тој основ беше 1,6 милиони евра.

Од аеродромите во Скопје и во Охрид во летниот ред на летање се и авиокомпаниите Аустријан Ерлајнс (Скопје – Виена), Ер Србија (Скопје-Белград и Охрид – Белград), Кроација Ерлјанс (Скопје-Загреб и Скопје – Сплит), Туркиш Ерлајнс (Скопје – Истанбул), Еделвајс  (Скопје – Цирих), Пегасус ерлајнс (Скопје – Истанбул и Скопје – Измир),  Чер Ерлајнс (Скопје – Цирих и Охрид – Цирих), Ејџиан Ерлајнс (Скопје – Атина),  Лот Полиш Ерлајнс (Скопје – Варшава) Изи Џет (Женева – Скопје), Норвежијан Ер (Осло – Скопје),  Сан Експрес Ерлајнс (Скопје – Анталија и Скопје – Измир) и Ер Каиро (Скопје – Хургада). 

Македонија

Божиновска присуствуваше на шведската прослава на светлината

Вечерва Сања Божиновска присуствуваше на традиционалниот концерт во чест на Санта Луција, кој го организираше Шведската амбасада. Празникот е симбол на светлина, топлина и надеж во најтемните нордиски ноќи.

„Секогаш е убаво кога една традиција носи порака која допира подалеку од границите – дека светлината ја создаваме самите, и дека најмногу ни е потребна токму во студените, тивки моменти од годината“, изјави Божиновска.

Таа изрази благодарност до амбасадата за прекрасната атмосфера и можноста да ја почувствува оваа уникатна шведска традиција, која најавува доаѓањето на Божиќ со радост, музика и светлина.

Continue Reading

Македонија

Сообраќајот на Евзони повторно во прекин од 17 часот

АМСМ информира дека од 17 часот повторно е блокиран сообраќајот на Граничниот премин Евзони (ГП Богородица).

Според последните информации, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози и со умерен интензитет надвор од градските средини. На македонските гранични премини нема подолги задржувања за влез или излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да возат со прилагодена брзина, да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат особено внимателни на патиштата низ котлинските и клисурните делови, каде што постои ризик од одрони. Најкритични се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Continue Reading

Македонија

Студентите имаат уште десет дена за апликација за ваучери

Министерството за дигитална трансформација потсетува дека студентите имаат рок до 20 декември 2025 година да аплицираат за ваучери за електронски уреди.

Досега се доделени 42.606 ваучери, од кои 27.426 веќе се искористени. Во рамките на владината програма, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за студенти на додипломски студии запишани во учебната 2025/26 година.

Ваучерите можат да се искористат најдоцна до 31 декември 2025 година.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг