Connect with us

Македонија

Писание за еден скопски газда !

Фејсбук писание за еден скопски газда на Пане Христопулос, прочитајте:

За Скопскиот Газда ?
Мал увод па да го напраиме славен а и да го пријавиме во сите институции.

Сакам да се тргнам од ноќниот живот малку да одморам. На 30 јуни 2022 идам на разговор да почнам со работа на Топ Трејд бензиската. На 31 јуни почнувам со пробен период од некој ден. Ми дава саатница 80 денари во КЕШ ( прва нерегуларност ) ? 160 работни саати пута 80 денари е 12.800. Добивам дневница у кеш као платата да е 12.800 кога у државава мора минимална плата да е 18.000.
После 4 дена на работа ја контам работата и барам да бидам ставен на распоред и да почнам со редовен работен однос. Побарав на 3ти Јули да бидам пријавен веќе дека официјално почнав со работа. Добив одговор ок ќе бидеш. На 1ви август ми стига плата според договореното. На 3ти август идам сам да се пријавам у завод со дата од 1ви. Замисли работиш у фирма и мораш сам да идеш да се пријавиш. Сфаќам дека за јули не сум бил пријавен. На прашање у администрација у фирма ми викаат ти напраивме договор на дело без платени придонеси и осигурување и без да знам и без да потпишам. Си викам батали еден месец не е битно. Им улетувам у фирмава коа немаат работници. Имаат двајца, еден 17 години и еден 19 години за преку лето вработени временски. Ради мене добиваат кворум и имаат услови сите да идат на одмор. Крај на септември законски не ми следи одмор ама ако сакаат ќе ти даат. Не барам и знам нема да добијам дека пак фалат работници зашто си отидоа ове децава сезонските. 30 декември прашувам дали ме им на список за К-15 и ми кажуваат администрација дека ме нема. Го прашувам газдава зашто ? Ми одговара не исполнувам услов од 6 месеци и УЈП не дозволува. Ме изигра месец јули ваљда свесно за да немам полни 6 месеци работен сташ. Законот вика како што знам и прочитав: ако си вработен 6 месеци ти следува, ако си вработен макар и еден месец или зависи од газдата дали сака да ти даде, а смее. Има фирми на месец дена вработен кај што по нивна желба им даваат К-15 и после првиот изработен месец. Во фирмава работиме 80% со фирми што се секојдневно се на фактура, а остали КЕШ. Бензискава се наоѓа пред Бардовци чаталот. После Злокуќани е Ромското маало. Сите од таму секојдневно се на пумпа. Доста од тие луѓе се поштени и коректни ама има некоја група што секојдневно праи галама гледа да те изигра, да не ти плати нешто и да те превари. Смена преку ден некад сме држеле двајца еден у маркет на наплата и еден точи гориво надвор на пумпи кај што има 23 пиштоли за точење. У некој момент имало и по 12-13 возила у исто време и немаш време у координација со колегата да знаеш дали некој платил или не. Влага некој како демек да плати внатре и некој зима цигари купува си иде и на крај на смена минус си. Све си плаќаш од џеб. Секој минус. Секоја грешка при враќање кусур или остало. Поентата е секојдневно си изложен на потенцијална превара што ако ја изедеш фората сам си плаќаш. Имаш камери иди барај ако најдеш снаоѓај се наплакај. Што и да датиш некој како те излажал не платил сам се расправаш што утрре може да дојде до личен проблем со некои од тие и имаш проблем со нив и на работа и надвор од неа. Фирмата не стои позади тебе да ги решаваш проблемите. Си има компјутерски систем и на крај на смена мора да се раздужиш и предадеш колку треба и колку ти бара компјутер. Секој минус од џеб се плаќа. У 8-9 месеци сум платил заедно со колегата 15-16.000 денари пута два и јас и он. Ова све го опишав за да сфатите на крај зашто дојде до ова.

НЕРЕГУЛАРНОСТИ И НЕЗАКОНСКО РАБОТЕЊЕ ВО ФИРМАТА СЕ.

  1. Пријавени сме дека работиме по 8 саати неделно во договорот што го видов и потпишав. Работиме по 12 саати дневно. Два работно два слободен два работни. 48 саати неделно е тоа.
  2. Имаме фиксна плата секој месец иста. Не ни се платени работни ноќни смени, празници и недели според законот како треба да бидеме платени.
  3. Незаконски секоја вечер се точи плин у боци. Од септември не е дозволено секоја пумпа да точи.
  4. На секоја пумпа пишува забрането точење во канти. Секојдневно се точи многу гориво во канти, шишиња и други предмети.
  5. Можам да кажам и дека има менувачница за Евра на пумпата. Секој може да плаќа со евра. И тоа секој ден се дешава и има во промет.
  6. Во склоп на пумпата има продавница за алхохол под друга фирма во објектот до пумпата кај што се продава алхохол од страна на вработените после работно време. Клучот стои во маркетот во пумпата. И таму се наплаќа без сметка после работно време се плаќа со евра итн. Газда на таа алхотека е братот на овој главниот газда.
  7. Одмори има 10 дена летен и 5 дена зимски што мислам дека повеќе следува законски.
  8. Имаше ситуација во месец Март кај што дојде еден лик на проба беше цел месец фебруар и беше платен кеш, а веќе следниот месец знаеше дека е пријавен и осигуран здравствено и придонеси. Таткото на газдата многу љуби да ги малтретира вработените и да ги ангажира за работни обврски кои не се во склоп на работата која што треба да ја вршат. Ова е секојдневно ангажирање и малтретирање да чистат дигаат и преместуваат све и свашта. Го викнал во магацините доле да преместуваат и дига нешто. Носел големи лимови и ја исекол раката лошо. Се преврзал и побарал превоз до болница од братот на газдата и тој газда нормално. Тој газда и на продавницата за алхохол. Му рекол може да се задржиш некој саат и немам јас време да седам и да те чекам цел ден. Вработениот заминал сам. Коа завршил со преврска инекција тетанус и све остало му побарале да плати сума што не треба да ја плати осигуреник. Дознава дека не е осигуран од фирмата и све приватно си платил. Следниот ден доживува уште еден дебакл. Добива отказ. Колку нечовечки од газдава и не му платиле за тоа што платил у болница.
  9. Газдава е лик што доаѓа на работа и у 30 дена може една да те поздрави, освен у фаца ако не му кажеш добар ден и да мора да врати. Те гледа како јадеш шета околу тебе некоја минута и не ти кажува наздравје. Тешко му е да поздрави персонал секое доаѓање на работа. Тоа ви кажува каков чоек е.
  10. Средата 12 април се мењам со колега да бидам прва смена и да можам да гледам вечерта Милан. Денска смена е карамбол. Има преку 250 точења. 10-15 тони гориво у прва смена се точат. Ја држам смената до 14:00 со искусна колешка која поише е на каса наплата и правење фактури и еден нов на кој му држам обука. У 12:00 доаѓа уште еден нов на проба а у 14:00 дојде уште еден. Држам смена со 3ца нови. Точат гориво само и ми носат прометот од наплатата што ја вршат надвор. Еден од нив Има точење од 1000 денари и ми носи пари ама не ги видел. Отварам гледам 500 ден банкнота, 100 ден и две по 2000 ден. Муштеријата уместо две по 200ден му дал две по 2000ден. Док видам јас си заминал. Знаејќи дека е голема сума си викам ќе примети ќе се врати одма. Успат му кажувам на газдава за дешавкава и му викам ќе дојде сигурно ќе му ги дадам. Новиов го прашувам шо кола беше ми вика не памтам гужва беше. Проаѓа 15:00 ми пишува газдава дојде чоеков по парите му викам не дојде. Ми вика провери на камери. 1000ка е најчесто точење глеам 1000ки многу на компјутер ама не знам кола и саат за да ја најдам колава. Доѓа газдава пред крај на смена која ни е у 18:45 а он стига у 17:30. Ми вика дојде ли и му викам не. Ми вика дај ми ги парите. Му ѓи давам парите и си викам дека многу ангажиран за да се најде чоекот, а ние секојдневно коа сме у минус уво не го боли. Доста пари се 3600 ден што поише ги платил ликов. Негова грешка го чекаме да ги вратиме ама па ако не дојде зашто париве да завршат кај газдава. Тие што ме знаат, знаат дека не ценам пари па за 3600 денари ништо не ми мењаат него ме боли фактот зашто газдава секој плус го зима а секој минус ние го плаќаме. Се вртка низ маркет влага еден познаник му праам фактура што точел ме прашува како сум. Му викам види сонце лепота денов, вечер игра Милан празник ми е ќе ги смачкаме Наполи ама ме нервира фирмава што не стои позади нас како што денес стои позади клиенти што е сосема коректно ама не е да не со го чуваш и почитуваш персоналот кој што ти рбаоти и ти ги праи парите. Газдава вие како волк чека да искочи муштеријава. Си иде чоекот и ми се пушта со дерење море мочко како не стои позади вас фирмата пичка ти матер твоја. Ми пцуе мајка која има 82 години, ми вика мочко. Нормлано влагам у вербално објаснување да му кажам како не стојат позади нас и како е луд дека му пцуе што не смее и е против законски и у себе си викам да немаше камери ќе го каснеше бумбар. Се објаснуваме. Му кажувам случка исто кај што доаѓа лик од Словенска амбасада и сум му дал 6 вина сум згрешил сум наплатил 5 на слип кај што нема простор да го украдеш виното и дека брат му одма ми бара да му го платам, а не чека да дојде пак Словенецот и да му кажеме за грешката кај што знам дека ќе плати. Се дешава вербално препукување ме пцуе пак со пичка ти матер. Идам накај него му кажувам скапо ќе платиш за ова. Го вика шевот да дојде да се раздужиме. Се раздужувам и си идам. Имам два слобони дена според распоред. Само што стигам дома му најавувам на шевот дека од 15ти април зимам зимски годишен одмор кој ми следува и кој само јас уште не сум го искористил. Дознавам дека ме одјавил веќе на 13ти април без да потпишам отказ иако сум пријавен на неопределено и немам никаква причина за отказ освен што сум му рекол дека фирмава не стои позади нас. Без д ме информира ме отпушта и ме одјавува. Му обеќав на газдава дека сите инспекции и јавноста ќе дознаат за све како што работи и што им праи на вработените. Поентава на текстов е барем ќе имаат боље услови вработените у иднина и ќе се пази како ќе работи, а и не сум тепач за тоа што ме пцуеше мајка па мора некако да му вратам. Бај д веј уште ми вика леб зимаше од фирмата раниш фамилија. Не бе дечко не ранам фамилија јас работам и све што ме плаќаш сум изработел и сум заслужил и повеќе.
  11. Вработени кај него по 10 години зимаа помалце плата него јас што се договорив коа немаше вработени. Замисли како ги цени лојалните што му беа со години. Коа доџзна најстариот вработен дека зима 3000 денари помалку отиде да се избори сам за плата како нас новите а он работи 10+ години.
  12. Ете така немам ќар ништо од ова ама мене да ми олесне за све што било нерегуларно.
  13. Време е да го напраиме славен и да стигне текстов до сите институции.

Јас Пане Христопулос го напишав лично текстот и стојам позади све ова со факти и докази у пораки слики и све остало. Иако ми се заканува газдата дека ова мора да го изјавам на суд.
Со задоволство.

Македонија

Еве кога ќе профункционираат камерите во сите градови од Македонија

Се надевам дека до јуни-јули идната година ќе го имплементираме „Безбеден град“ на целата територија на државата, а сигурен сум дека до крај на 2026 година ќе го имплементираме во секој еден град како паметен систем. Македонските граѓани заслужуваат и во Тетово, и во Скопје, но и во Берово, Делчево, Струга и во Охрид да имплементираме едно паметно решение кое би требало да ја следи европската стратегија на „нула жртви“, односно таа стратегија до 2050 година да немаме човечки жртви како последица непочитување на сообраќајни правила, истакна министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во одговор на новинарско прашање на денешната промоција на фотоволтаична централа поставена на Центарот за обука на МВР, донација на ОКТА и притоа потсети дека тест периодот за регистрирањ ена прекршоци од системот „Бебеден град“ важи до 1 февруари идната година.

Според Тошковски, ова е само еден дел од чекорите коишто треба да се преземат, но и во овој краток временски период, во рамки на тест периодот, првичните информации се дека навистина македонските граѓани поинаку се однесуваат кога управуваат моторно возило отколку порано.

‒бвИ многу ми е мило што бројот на сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди и генерално бројот на сообраќајни несреќи, таму каде што овој проект го имлементираме, се намалува. Тоа е многу битно. Прва и најголема цел, јас би рекол и последна цел на имплементацијата на овој систем, е спасување барем еден човечки живот повеќе од претходно. Така што, резултатите коишто треба да ги даде „Безбеден град“ се навистина многу големи, потенцираше министерот Тошковски.

Додаде дека никој нема да биде изземен од „Безбеден град“, освен возилата на полицијата кога преземаат дејства, итната медицинска помош и возилата на против пожарните единици. Притоа го спомна неговиот личен пример кога добил опомена за сторен сообраќаен прекршок и тоа го споделил јавно.

На новинарско прашање за отворањето на средното полициско училиште по 25 години, Тошковски истакна дека упатува голема благодарност до македонското Собрание затоа што поддржало закон којшто ќе овозможи следење на светските трендови и текови.

‒ За жал, 25 години во Македонија нема средно полициско училиште. За среќа се уште имаме кадри кои биле создадени пред 25 години во рамки на тогашното средно полициско училиште кои што се потпора и темел со најпрофесионална емпирија во рамки на своите знаења, луѓе кои се уште ги имаме во Министерството. Со овој закон овозможуваме враќање на категоријата професионален полицаец којшто по завршување на средно образование ќе може да одговори дека е полицаец со завршено средно полициско училиште. Навистина ова е револуционорен проект во делот на враќање на професионалните капацитети, особено во рамки во образовниот процес кој е креиран со професионалци во рамки на полицијата, подвлече министерот за внатрешни работи.

Тошковски е убеден дека во рамки на сегашниот Центар за обука, во иднина Полициска академија, земјава за две и пол години отсега ќе ја има првата генерација, затоа што ова средно полицискко училиште ќе се однесува на трета и четврта година од средното образование.

‒ Еве, ги повикувам сите заинтересирани ученици од втора година без оглед во кое средно училиште се запишани, доколку имаат желба да станат полициски службеници, доколку си ја сакаат државата, да расмислат да се запишат од 1 септември, идната година во средно полициско училиште кое го враќаме во Република Македонија, рече Тошковски.

Во одговор на друго новинарско прашање дали има доволен број на полициски службеници, министерот рече дека државата има доволен број полициски службеници, а проблемот на невидливоста, проблем кој го чувствува секој еден граѓанин од неприсутност на полицијата не е заради бројката, туку континуираното долгогодишно нефункционално менаџирање со кадрите во рамки на Министерството.

-Заради тоа, измените на законите беа едни од круцијалните чекори кои мораме да ги направиме ако сакаме да се реорганизираме како Министерство. Тоа е направено. Во овој период работиме на нова систематизација во МВР што ќе биде предложена до Владата и ќе биде усвоена од страна на Владата за од почетокот на мај 2026 година да почнеме со новата организирана структура во рамки на МВР, посочи Тошковски.

Најави дека огоромен дел од полицајците во иднина ќе бидат во униформа. Тој смета дека покрај полициските службеници кои се во униформа и други служби како крим полицијата и припадници од Одделот за заштита и обезбедување на вип личности и објекти ќе бидат униформирани.

Во иднина, како што рече, најавува видливост на полицијата, зашто огромен дел од овие служби кои не биле униформирани, сега ќе бидат униформирани и ќе бидат на терен.

Според министерот Тошковски, целта е да се создаде оперативна и ефикасна служба во рамки на МВР која ќе биде видлива за граѓаните, бидејќи со присуство на полицијата на терен, со присуство на полициските службеници меѓу граѓани ќе се поткрене безбедносната состојба во државата и позитивната перцепција на граѓаните.

Continue Reading

Македонија

Со три забрани за возење – „збогум“ на возачката

Пратениците ги изгласаа законите потребни за целосно да профункционира системот безбеден град: Законите за возила, за полиција, за извршување санкции и за безбедност на сообраќајот. Останува да ги доусвојат уште измените во Законот за прекршоци, кој е во второ читање.

Покрај тоа, предложени се и измени во Кривичниот законик за да се усогласат со пакетот закони поврзани со системот „Safe city.“

Законските измени детално ја уредуваат целата постапка – од констатирањето на прекршокот, до изрекувањето на најстрогите мерки, а доуредуваат и други прашања.

Возачите што трипати ќе добијат забрана за возење, ќе останат без возачка дозвола.

Continue Reading

Македонија

Обвинени директор и управител: Комунален отпад ја загрозувал животната средина во Скопје

По спроведена истрага, Основното јавно обвинителство Скопје подигна обвинение против две лица, кои се обвинети дека заеднички извршиле сериозно кривично дело – загрозување на животната средина и природата со отпад, казниво по член 230 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Според наодите од истрагата, во текот на октомври годинава обвинетите, со сериозни пропусти во вршењето надзор врз собирањето, транспортот и управувањето со отпадот, создале реална опасност од значително загадување на почвата, воздухот и водата, како и ризик по здравјето и животот на граѓаните и уништување на растителниот и животинскиот свет во поголем обем.

Првиот обвинет, како вршител на должност директор на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, постапувал спротивно на Статутот на претпријатието, Законот за комунални дејности и одлуките на Управниот одбор. Тој не ја спроведувал деловната политика, не ги извршувал своите основни надлежности, не ги следел и анализирал плановите и договорните обврски и не преземал мерки за нивна реализација. Дополнително, не обезбедил соодветна заштита на животната средина и не се грижел комуналните услуги да се вршат континуирано, квалитетно и со исправна опрема и инфраструктура, иако тоа му било законска обврска како раководител на јавно претпријатие.

Заедно со вториот обвинет – управител за отпад (подгрупа 5), вработен во областа на комуналните дејности и носител на уверение за положен стручен испит за управување со отпад издадено од Министерството за животна средина и просторно планирање – тие, според обвинителството, со умисла постапувале спротивно на Законот за животна средина и Законот за управување со отпад. Наместо да преземат мерки за заштита на околината, тие не ги спроведувале плановите и програмите за управување со комуналниот отпад на територијата на Град Скопје.

Како директна последица на нивното постапување, редовното собирање и транспорт на безопасен комунален отпад не било извршувано, ниту била побарана измена на Оперативниот план и програмата. Со тоа, обвинетите овозможиле формирање диви депонии на јавни и сообраќајни површини, при што отпадот се одлагал околу и во непосредна близина на садовите за собирање.

Со оглед дека доказната постапка е целосно завршена и дека обвинетите повеќе немаат можност да влијаат врз истрагата, јавниот обвинител предложи притворот да им биде заменет со мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, обврска за повремено јавување во суд, како и привремено одземање на патната исправа или забрана за нејзино издавање.

За обвинетиот управител со отпад, кој и понатаму е вработен во ЈП „Комунална хигиена“, обвинителството предложи и дополнителна мерка, со цел спречување на понатамошно загрозување на јавниот интерес и животната средина.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг