Убавицата која ги засени сите војници на воената смотра во Батајница (Фото)

Тамара Танди (24) е десетар на 98-мата воздухопловна бригада од аеродромот „Морава“ Лаѓевци. 

Таа привлече внимание со својата убавина на величественото демонстрирање на способностите на српската војска, „Гранит 2023“, што се одржа во саботата на аеродромот „Полковник-пилот Миленко Павловиќ“ во Батајница.

Оваа убавица би можела да биде што ќе посака, но таа сепак се одлучила да биде професионален војник.

Како што изјавила во едно интервју, таа е првиот професионален војник во нејзиното семејство и гордо ја носи униформата веќе пет години.

– Професијата војник ја избрав на 18 години од љубов кон мојата земја и од почит кон нашата историја која имала бројни херои. Кога им кажав на моите родители дека сакам да бидам професионален војник, мајка ми не беше многу воодушевена што јас, како жена, ќе држам пушка, но како и секоја мајка, ме поддржа. Тато беше и остана исклучително горд на мене. Да се ​​биде жена војник е една од подобрите професии, а јас лично сметам дека ние жените сме упорни и способни за оваа работа – изјавила Тамара.

Тамара истакнува дека никогаш немала проблем со машките колеги.

– Јас не сум единствената девојка во нашиот баталјон, има и други жени, и машките колеги навистина многу нè почитуваат. Нашиот колектив е исклучително квалитетен, и без разлика дали врне, грее сонце или паѓа снег, мажите секогаш нè поддржуваат, како и ние нив – нагласила таа.

Освен што секојдневно се гледаат со колегите на работа, тие се дружат и по работното време.

– Ние сме како едно семејство. Не само на работа, туку и надвор од неа, многу сме блиску до таа мера што и нашите семејства се познаваат. Едноставно, тоа така функционира – истакна Тамара.

Што се однесува до работата, иако е жена, не очекува никакви привилегии.

– Ние војниците, без разлика дали се работи за мажи или жени, подготвени сме во секој момент да реагираме и да го заштитиме својот народ доколку е потребно – заклучила оваа убавица во воена униформа.