Connect with us

Македонија

Македонец убиен во Бугарија – Избоден со колец до смрт

Published

on

Министерството за надворешни работи се огласи откако во јавноста беше објавено дека македонски државјанин е избоден со колец до смрт во Бугарија.

Од МНР велат дека според првичните информации кои Амбасадата на Македонија во Бугарија ги добила од надлежните институции во текот на вчерашниот ден е пронајдено безживотно тело на И.Н. (49 години), државјанин на Република Македонија.

-Амбасадата на Македонија во Софија продолжува да биде во редовна комуникација со надлежните органи во Бугарија, од кои се очекуваат повеќе информации во врска со случајот и за текот на постапката за целосно расчистување на случајот, за што МНР дополнително ќе ја информира јавноста. Воедно Амбасадата останува на располагање на семејството на починатиот граѓанин за евентуални потреби, информира МНР.

Македонија

Земјотрес во Македонија, еве каде е епицентарот

Published

on

Земјотрес утрово нешто пред 10 часот се случи во Македонија. Епицентарот бил во близина на Дојран и во близина на границата со Грција.

Земјотресот бил со јачина од 2 степени според Рихтеровата скала. 

Во ова подрачје во изминатите неколку дена се случија серија на слаби земјотреси кои донесоа вознемиреност кај локалните жители.

Continue Reading

Македонија

Велешанка преку автобус испратила 600 евра на непознато лице, оти и ветиле дека ќе добие награда од 20.000 евра!

Published

on

Пензионерка од Велес била измамена и останала без 600 евра, откако непознато лице пред два дена и се јавило и и кажало дека е добитничка на награда од 20.000 евра.Но, за да ги добие парите од наградата, првин требало да испрати преку автобус до Скопје сума од 600 евра.

Таа без многу размислување ги испратила парите преку автобус, но потоа лицето пак и се јавило, барајќи и уште 1.500 вера, со образложение дека ако испрати повеќе пари, ќе добие поголема награда.

Тогаш на 75-годишната велешанка и станало јасно дека е измамена, па вчера го пријавила случајот во полиција.

Од СВР Велес го потврдија настанот, и велат дека се превземаат мерки за расчистување на истиот.

Од МВР редовно се апелира до граѓаните да не наседнуваат на вакви и слични измами, во кои измамници им ветуваат лесна заработка на пари, но сепак, очигледно дека желбата да се дојде до финансии е поголема, па се почесто се занемарува ризикот и секојдневно расте бројот на измамени лица.

Continue Reading

Македонија

Трајановски: Патот Кичево – Охрид ќе се асфатлира и преку зимата, набавени се адитиви за работа на ниски температури

Published

on

Целта е овој автопат да биде пуштен во употреба пред летната сезона, ако не во двата правци, тогаш барем едниот да биде во функција дотогаш, изјави денеска директорот на Јавното претпријатие за државни патишта

Зимските услови наредните месеци нема да бидат пречка да продолжи асфалтирањето на патот Кичево – Охрид и на делницата Страцин кон Длабочица, бидејќи компаниите кои работат на нив набавиле специјални адитиви за асфалтирање на ниски температури.  

Ова денеска од Штип го соопшти директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, кој изјави дека градежната сезона на овие делници нема да биде во застој од ноември до март.  

Според првиот човек на ЈПДП, овој адитив го набавиле трите градежни компании кои работат на  делницата Кичево – Охрид, каде главен изведувач е кинеската компанија „Синохидро“, и целта е овој автопат да биде пуштен во употреба пред летната сезона, ако не во двата правци, тогаш барем едниот да биде во функција дотогаш.  

„Ќе се употребува на делницата Кичево – Охрид, набавен е адитивот. Таму има тројца изведувачи, едниот е ‘Гранит’, вториот е ‘Илинден – Струга’, а третиот е самиот ‘Синохидро’ со своја механизација или, пак, со други компании. Со тоа ќе овозможиме тој пат Кичево – Охрид побрзо пред летната сезона догодина да го пуштиме во употреба, ако не во двата правци, тогаш едниот да биде целосно асфалтиран и пуштен во сообраќај“,изјави Трајановски.  

Тој рече дека ваквите адитиви масовно се употребуваат во западноевропските земји, пред сѐ во Германија, Норвешка, Шведска.  

Активно се работи, како што кажа Трајановски, и на автопатиштата на кои е ангажиран американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. Се работи на новата делница од Кичево кон Гостивар, односно до Букојчани, а направен е и проектот до селото Црвец. Истовремено, рече директорот на ЈПДП, се проектира и патот од Црвец до Букојчани, што треба да заврши во февруари следната година.  

„Ќе почнеме со проектирање и на патото од Требеништа до албанска граница. Таму се предвидува да се направи наместо да одиме на Ќафасан горе, да се направи тунел од наша и од албанска страна. Веќе има прелимирани договори со албанската Влада, по половина да се финансира тој тунел, така што ќе биде многу полесно, побезбедно, побрзо движењето меѓу Македонија и Албанија“, изјави тој.  

Трајановски рече дека се прави студија и за скапата делница Скопје – Блаце, на која поради теренот има повеќе тунели и вијадукти, а тендерската документација би требало да се објави во април или мај следната година.  

Директоро на ЈПДП најави дека обиколници конечно ќе добијат Кавадарци, Ресен и Битола, а на македонските патишта за да нема запирање ќе се воведат и повеќе уреди за безготивинска, електронска наплата на патарините. 

Тој посочи дека интензивно се работи и на експресниот пат Градско – Дреново, на потегот од Градско до Фариш. На потегот од Фариш до Дреновска клисура, како што кажа, ќе се одложат градежните работи бидејќи има небезбедни косини, карпести делови, кои можат да доведат до опасност при движење по тој пат.  

Сепак, како што додаде, се надева дека Градско – Фариш ќе биде пуштен за сообраќај до Нова година. 

Интензивно се работи и на патот од Страцин до Крива Паланка, додека од Крива Паланка кон Куманово до Длабочица е завршена делницата, а останува делот од Длабочица до Страцин. Трајановски најави дека наредната година ќе почне и проектирањето на патот од Куманово до Страцин. 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк