Connect with us

Македонија

ПРВОМАЈСКАТА СКАРА на дожд – ќе врне!

Поради ведрото време, утре во Македонија утрото ќе биде студено и со ниски температури на воздухот кој ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 8 степени. Локално ќе има појава на слана и на мраз, предвидува Славчо Попоски.

Утре и во сабота времето ќе се задржи претежно сончево и стабилно, додека од недела па натаму, вклучувајќи го и први мај во попладневните часови ќе има повеќе облачност и локално ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот во зоната на нестабилност.

Максималните дневни температури пак ќе бележат тенденција на пораст, и тоа поради продор на потопла воздушна маса од југ, што значи дека особено за викендот максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени, и тоа особено во недела.

Во Скопје и околината се очекува слично време со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 16 и 21 степен.

Барем според сегашните достапни анализи, во текот на следната седмица повторно очекуваме посвежо време од вообичаеното и почести, како и поинтензивни врнежи од дожд. Повремено на највисоките планински врвови ќе има услови за провејување на снег, што значи дека и за први мај атмосферата нема да ни биде целосно стабилна.

Засега нема никаква најава за продор на Африканска топлина во нашите краишта, дури можно е и првата половина од мај да ја поминеме во знакот на постудено време од вообичаеното и со почести и поинтензивни врнежи, вели Попоски.

Македонија

Приведен поранешниот државен правобранител Фехми Стафа во рамки на истрага за корупција

Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа е приведен во рамки на истрага што ја водат надлежните институции, а која се однесува на сомневања за коруптивни дејствија, информираат извори блиски до истрагата.

Според досегашните информации, приведувањето е извршено по наредба на обвинителството, кое спроведува предистражна постапка за наводни злоупотреби поврзани со вршењето на јавната функција. Деталите за случајот засега не се целосно соопштени, со оглед на чувствителноста на истрагата.

Од надлежните институции потврдуваат дека се преземаат повеќе истражни дејствија, вклучително и прибирање документација и испитување на лица, со цел целосно расветлување на настаните. Стафа, како и сите лица опфатени со постапката, ужива претпоставка на невиност до правосилна судска одлука.

Се очекува обвинителството во наредните денови да излезе со официјални информации за предметот, откако ќе завршат првичните истражни активности.

Continue Reading

Македонија

Енергетска заедница: Македонија меѓу лидерите во енергетските реформи во 2025 година

Северна Македонија, заедно со Србија и Молдавија, е издвоена како една од земјите што го предводат реформскиот напредок во енергетскиот сектор во текот на 2025 година, покажува најновата оценка на Енергетската заедница.

Според извештајот, овие три држави постигнале значителен напредок во усогласувањето со европското енергетско законодавство, особено во делот на пазарните реформи, регулаторната рамка и зајакнувањето на институционалните капацитети. Напредокот е оценет како клучен за унапредување на регионалната енергетска безбедност и интеграцијата во заедничкиот европски енергетски пазар.

За Северна Македонија, Енергетската заедница посочува дека реформите во електроенергетскиот и гасниот сектор, како и активностите за подобрување на регулаторниот надзор, придонеле земјата да се позиционира како позитивен пример во регионот. Посебен акцент е ставен на напорите за зголемување на транспарентноста, конкуренцијата и сигурноста во снабдувањето со енергија.

Во извештајот се наведува дека реформскиот моментум кај овие земји е важен сигнал за останатите членки на Енергетската заедница, но и дека предизвиците остануваат, особено во делот на имплементацијата на донесените политики и инвестициите во енергетска инфраструктура.

Од Енергетската заедница порачуваат дека одржувањето на ваквото темпо на реформи ќе биде клучно за понатамошното приближување кон ЕУ и за обезбедување стабилен, одржлив и конкурентен енергетски систем во регионот.

Continue Reading

Македонија

АХВ спречи увоз на повеќе од 26 тони небезбедна замрзната храна од Бразил

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречи увоз на над 26 тони замрзната храна, откако при граничните контроли било утврдено дека пратката не ги исполнува безбедносните и здравствените стандарди предвидени со закон.

Како што информираат од АХВ, при редовниот инспекциски надзор биле забележани неправилности во документацијата и условите за транспорт, поради што е донесена одлука пратката да не биде пуштена во промет на домашниот пазар.

Надлежните служби нагласуваат дека контролите на увозот на храна се спроведуваат континуирано, со цел заштита на здравјето на граѓаните и спречување на внесување небезбедни производи во земјата. Во вакви случаи, храната се враќа или се уништува согласно прописите.

Од АХВ апелираат до увозниците строго да ги почитуваат законските обврски и стандардите за безбедност на храната, потенцирајќи дека секоја сомнителна пратка ќе биде предмет на детална проверка.

Институцијата најавува дека засилените контроли на граничните премини ќе продолжат и во наредниот период, особено во услови на зголемена трговија со прехранбени производи.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг