Connect with us

Балкан

(Фото) Ова е ученикот кој пукаше на своите соученици во Белград: Еве како го изнесуваат по крвавиот инцидент

Published

on

Страшен инцидент се случи утринава во 8:40 часот во ОУ „Владислав Рибникар“ во белградски Врачар, кога ученик (14) пукаше и уби работник на обезбедувањето.

Во престрелката загинаа неколку ученици, а има и повредени.

На фотографиите можете да го видите момчето кое пукаше во училиштето, а кое полицијата го носи по страотниот инцидент.

До сега има осум убиени лица.

Како што се дознава, едно дете веќе е на операционата маса. Има повреди на главата и неговиот живот е во опасност.

Други две деца се со прострелни рани и се на интензивна нега.

Фото: Немања Јовановиќ/Нова.рс

Балкан

Вучиќ за протестите во Нови Сад: Ова е насилство против државата, сите ќе бидат казнети

Published

on

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва реагираше на протестите во Нови Сад. 

Тој изјави дека во Нови Сад има грозоморни, насилни протести против државата Србија и порача дека сите кои учествувале во тоа ќе бидат казнети и кривично гонети од државата.

Вучиќ истакна дека Србија ќе го брани своето знаме, своето име и ќе ги казни сите сторители на криминални дела и дека никој не се сомнева во тоа.

„Почитувани граѓани на Србија, поминаа денови од страшната трагедија во Нови Сад, пристојните луѓе се уште не можат да се вразумат од болката и страдањето. Уште еднаш изразувам сочувство до семејствата на загинатите во трагедијата кај Железницата Станица во Нови Сад“, рече претседателот на Србија во видео обраќањето на Инстаграм профилот budućnostsrbije.

Continue Reading

Балкан

Протест во Нови Сад, во хаосот се бара одговорност за несреќата

Published

on

Неколку илјади граѓани се собраа во вторникот вечерта на протестен состанок во Нови Сад поради смртта на 14 лица во уривањето на бетонската настрешница на железничката станица, барајќи да си поднесат оставка сите директно и индиректно одговорни за трагедијата, како и да бидат кривично одговара.

Настрешницата падна врз патниците на 1-ви ноември, при што загинаа 14 лица, главно млади луѓе, додека други тројца се тешко повредени и сѐ во критична состојба.

По краткиот говор на организаторите, демонстрантите се упатија кон градското собрание на Нови Сад, кое го обезбедуваат голем број полицајци опремени со опрема за разбивање демонстрации, јавуваат локалните медиуми. Демонстрантите, најпрво истураа боја и фекали врз зградата, а потоа се обидоа да влезат во објектот.

Медиумите јавуваат дека и на други локации во Нови Сад се одвива „хаос“ и „дивеење“ на демонстрантите, и се обвинува опозицијата дека стои зад протестите кои и самата ги најавила како „немирни“. Се известува и дека во Нови Сад, опозицијата организирала доаѓање на свои приврзаници и од другите српски градови.

Обраќањето на организаторите започна со едноминутно молчење и читање на имињата на жртвите, додека граѓаните го прекинаа говорот со извици „Убијци, убијци“ и носеа транспаренти на кои пишуваше „Рацете ви се крвави“, „Сега или никогаш “, „Тоа ме засега мене“.

„Ќе одговорите, затоа што овие луѓе загинаа поради вас. Поради пропадното општество што го создадовте. Сакате да ја ставите цела Србија под ваш покрив. Нема да ви дозволиме да го направите тоа“, беше речено меѓу другото во обраќање во кое беа критикувани претседателот на Србија, премиерот и некои министри.

Во пресрет на митингот, опозицијата предупреди дека владата, односно владејачката Српската напредна партија (СНС), со помош на навивачки групи, има намера да предизвика немири во главниот град Војводина. Како што пренесува порталот „021.rs“, опозицијата вели дека масовниот одзив на граѓаните на протестот ќе ги осуети нивните намери, а власта во понеделникот стапила во контакт со одредени навивачки групи кои одбиле да соработуваат.

„Протестот ќе биде досега најголемата манифестација на волјата и одлучноста на народот за промена на монструозниот вредносен систем во нашето општество и затоа никој не може да биде исплашен од грст хулигани“, се заклучува.

Протестот продолжува со собир пред Градското собрание кое го обезбедуваат силни полициски сили.

Continue Reading

Балкан

Жариште на птичји грип во живинарска фарма во Тирана

Published

on

Семејна живинарска фарма во населбата Мезез во Тирана е жариште на птичји грип(Х5Н1). Извршена е контрола и се преземат соодветни мерки, објавија медиумите во албанскиот главен град.
Во меѓувреме се врши проверка и во други фарми во поблиските места за да се потврди дали има и други случаи.

– Надлежните издадоа забрана за продажба и тргување на отворен простор и пазари за жива живина, како и за движење на жива живина од фарма до фарма и од фарма до сточни пазари, додаваат медиумите.

Исто така не се дозволува движење на живи птици без овластување од официјален ветеринар, без извршен PCR тест и потврда дека птиците се негативни на болеста птичји грип.

Од Институтот за јавно здравје попладнево информираа дека засега нема регистриран случаи со птичји грип кај човек.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк