Connect with us

Балкан

Потресни слики: Одбојкарот Кобиљски го залепи некрологот за убиената ќерка на вратата од училиштето

Published

on

Белграѓани продолжуваат да палат свеќи за жртвите од вчерашниот масакр, а во црквата Свети Сава почна молитвата за загинатите во страотното злосторство што се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“.

Една од жртвите е ќерката на познатиот српски одбојкарски тренер Драган Кобиљски. Тој во училиштето дојде со сопругата. Кобиљски го залепи некрологот на вратата од училиштето и без збор продолжи со сопругата која цело време го држеше за рака.

Кобиљски моментално работи во одбојкарскиот клуб Залау во Романија, а веднаш по добивањето на тажната вест се упатил кон Белград.

Трагедијата во училиштето во Белград се случи вчераоколу 8 часот и 40 минути кога 13-годишниот Коста Кецмановиќ, ученик во седмо одделение, уби осум ученици и чувар, а рани шест ученици и наставничката по историја.

Веднаш бил уапсен, а потоа беше приведен и татко му. Убиецот го зел пиштолот од сефот на неговиот татко. Покрај пиштолот, Кецмановиќ на училиште донел и четири молотови коктели. На местото на злосторството, полициски службеници пронашле 57 чаури, шест куршуми и четири рамки.

Животот на две деца се уште е во опасност.

Балкан

Земјотрес ја стресе Албанија, почувствуван и во Македонија

Published

on

Земјотрес со јачина од 3.3 степени по Рихтер предмалку, во 11 часот и 33 минути, ја стресе Албанија.

Епицентарот на земјотресот беше на 24 километри од Подградец, во близина на границата со Македонија, поради тоа беше почувствуван и во некои делови на нашата земја.

Земјотресот беше на длабочина од 10 километри.

Утринава и Македонија беше стресена од послаб земјотрес.

Continue Reading

Балкан

Есенска бајка покрај Костурското Езеро

Published

on

Есенската магија ги разлева своите златни и огнени бои покрај Костурското Езеро, создавајќи неверојатен пејзаж. Мирната вода ја одразува природната убавина на Егејска Македонија, додека прошетките покрај брегот нудат моменти на мир и инспирација. Ова живописно место е идеална дестинација за љубителите на природата и есенските сцени.

Continue Reading

Балкан

ХОРОР ВО НОВИ САД Синот ѝ ја отсекол главата на својата мајка

Published

on

По пристигнувањето полицијата го пронашла синот со траги од крв на рацете и безглавото тело на мајката кое било далеку од телото. Убиената е родена 1947 година, додека осомничениот за убиството е роден 1977 година и имал психички проблеми.

Тело на обезглавена жена е пронајдено денеска во новосадската населба Телеп, дознава Танјуг. Нешто пред 12 часот ќерката повикала полиција и рекла дека брат и ја нападнал нејзината мајка.

По пристигнувањето полицијата го пронашла синот со траги од крв на рацете и безглавото тело на мајката кое било далеку од телото. Убиената е родена 1947 година, додека осомничениот за убиството е роден 1977 година и имал психички проблеми.

На лице место се спроведува истрага, а присутен е и обвинител на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад.

Од полициската управа во Нови Сад за Танјуг потврдиле дека се случило убиство и дека синот е уапсен, но повеќе детали не се откриваат.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк