Connect with us

Македонија

Менаџер на битолски локал распали по родителите: Опулете си ги децата оти сѐ од 2002 г. па наваму си е*а мајката!

Published

on

МОЈАТА МОМЕНТАЛНА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА Е ПРЕСТРАШНА ВО
СМИСЛА ШО ГЛЕДАМ КАКВА ПОЧИТ, КУЛТУРА ИМААТ САМО ОВИЕ ОД І4 ДО Т7 ГОДИНИ И СУМ КРАЈНО РАЗОЧАРАН И ГНЕВЕН.


КАКО Е МОЖНО ОВА ВАКА, НЕ ЗНАМ ЗОШТО МЕ ИЗРАСТИЛЕ ВАКА МОЈТЕ (СО ОГЛЕД НА ОКОЛНОСТИТЕ Й ЛОГИКАТА ГРЕШНО ВОСПИТУВАЊЕ ИМАМ). А ДЕКА НЕ Е ОД ДОМА ТО НЕ МОЖИ НИКОЈ ДА МЕ РАЗУБЕДИ, СИТЕ САКАМЕ ИДНИНА АМА ЗДРАВА И РАЗУМНА…
ВО СМИСЛА ПОСТАР ПОМАЛ ДА СЕ ЗНАЈ КОЈ Е И ВЕ МОЛАМ МАЛКУ ОД ПОЌЕ ДОМА СО ДЕЦАТА ОТИ СЕ ОТЕПАЈА ОД ЕКСТАЗИ, СНУСОЈ, СПИДОЈ И ШО УШТЕ НЕ МАВАЊЕ, А ВИЕ КАКО РОДИТЕЛИ ГО СЛИКАТЕ КАФЕТО ЗА НА СТОРИ И ЧEКATE REPLAY ДА МАНИ НЕКОЈ…. ОЛАБАЈТЕ СО СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ И ЧЕКАЈТЕ ГИ ВО З САБАЈЛЕ ПРЕД ВРАТА ДА ГИ ОПУЛИТЕ В ОЧИ ВАШИТЕ ПРЕМИЛИ ЧЕДА ОТИ СИ Е*А МАЈКАТА ОД 2002-PA ПА
НABAMУ!


ШО ВЕЛАТ СТАРИТЕ, РИБАТА ОД ГЛАВА СМРДИ НЕ ОД ОПАШКА……
ПРЕЖАЛНО Е ШО НЕ НИ ГЛЕДААТ ШО МУ СЕ СЛУЧУВА СО ДЕЦАТА ДОМА, А АКО Е ФОКУСИРАН ЌЕ ЗНАЈ КОГА СЕ ПОД СТРЕС, КОГА СО ГЛАВОБОЛКИ ИТН……ПРЕДАЛЕКУ Е ЗАМИНАТА ОВАА МЛАДИНА И СЕ ИСКРЕНО СЕ ПЛАШАМ ДАЛИ И КАКОВ РОДИТЕЛ ЌЕ СУМ ВО ВАКОВ НЕРЕАЛЕН СВЕТ!!!


Е ЗАТО ГИ САКАМ И ИМАМ ОГРОМНА ПОЧИТ КОН МОИТЕ ДОМА И НЕ СЕ СРАМАМ ДА ГО КАЖАМ ТО, ОТИ ТИЕ СЕ БОРЕА ДА ИЗГРАДАТ НАЈНОРМАЛНО СУШТЕСТВО КАКО ШО ТРЕБА И МЕ ТРПАТ И ПИЈАН И БОЛЕН И СЕКАКОВ… АМА ЗНАТ КО ЌЕ ИМА НЕШТО НЕПРАВИЛНО ОДМА ПРАШВАТ, НЕ ШМРКАТ БЕЛО НА СТАРОСТ, А НИ НАЈМАЛКУ СЕЛФИЊА ПО ЦЕЛИ ДЕНОЈ… .ОЧИ ОПУЛЕТЕ ОТИ МАЛОЛЕТНИТЕ СЕКОЈДНЕВНО ГИ ГЛЕДАМ И ГНЕВНО Е ШО НЕ ГЛЕДААТ НИКАКВА ИДНИНА НИ ПАК РАЗМИСЛУВААТ И ОД ДЕНЕС ЌЕ ГИ КЛАВАМ СО СНИМКИ ПА НЕКА ИДАТ ЕЛИТНИТЕ РОДИТЕЛИ ДА МУ ДРЖАМ ПРЕДАВАЊЕ ДЕКА СО 50 ЕВРА ДЕНОТ В ЏЕБ, НЕ ГИ НАПРАЈА МАЖИ ТУКУ НЕВЕВЧИЊА ШО НЕЗНАТ ДРУГО ОСВЕН ДО НАЈЛЕСНОТО… ДРУГС.


ПОЛЕСНО Е ДЕНЕС ДА СТИГНИШ ДО ДРОГА ОТКОЛКУ ДО СЛАТКИТЕ ДОМА ЗА ГОСТИ ШО НИ СЕ ….ИСКРЕНО
СОЧУСТВО ПРЕГОЛЕМО И ЖАЛАМ ЗА СЕ ВО ИДНИНА !!!

КРИСТИЈАН ТАЛЕВСКИ – Бабам Битола

Македонија

Мицкоски со поддршка за ракометарите: И во победа и во пораз сме заедно, главата горе момци!

Published

on

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски им изрази поддршка на македонските ракометари.

-И во победа и во пораз сме заедно, главата горе момци! Одиме понатаму, по следен триумф, за кого???

За Македонија!, пишува во поддршката на Фејсбук премиерот Мицкоски.

Continue Reading

Македонија

КАКО СЕ ТРОШЕЛЕ ПАРИТЕ: Во 2023 ДАЛЕ ПОЛА МИЛИОН ЕВРА за „зелена зона“ во Гевгелија за која нема интерес

Published

on

Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони платила преку половина милион евра за студија за формирање на „зелена зона“ со јавно-приватно партнерство во Гевгелија, за што потоа се испоставило дека нема интерес од приватни оператори, објави Фактор. 

Како што наведуваат во 2023 биле исплатени 30.342.000 денари, а претходно уште 1.129.000 денари за консултантски услуги од „Моравчевиќ Војневиќ и Партнери АСД Белград“ за изработка на комплетна документација за избор на партнер за Јавно-приватно партнерство ТИРЗ Гевгелија. Ова е наведено како фуснота во извештајот на независниот ревизор за работењето на Дирекцијата.

Управниот одбор на Дирекцијата која управува со слободните индустриски зони лани на 17 мај донесува „Одлука за поништување на постапка за доделување на Договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за проектирање, финансирање, изградба, управување и одржување на Технолошко-индустриска развојна зона Гевгелија“. Истата одлука потоа е прифатена и од Владата на 26 ноември.

Од Дирекцијата за ТИРЗ за Фактор соопштиле дека во 2024 немало исплати кон оваа консултантска куќа, но и се покажало дека нема интерес од потенцијални приватни партнери за преговарање околу проектот.

Тогашниот директор на ТИРЗ изјави дека во согласност со новиот концепт на ТИРЗ за привлекување инвестиции, индустриската развојна зона Гевгелија ќе се фокусира на поддршка на зелените индустрии во согласност со зелената агенда на ЕУ, а покрај производствените компании во зоната ќе има можности за инвестиции поддржани од државата во секторот на здравствени услуги. 

– Целта е некаде до крајот на годината, откако ќе добиеме повратен одговор од потенцијалните корисници или од сите други заинтересирани страни, да ја финализираме студијата и очекуваме некаде на почетокот на наредната година да ја презентираме на Владата, истакна Деспотовски.

Извор: Вечер.мк

Continue Reading

Македонија

ДУИ се распаѓа во САРАЈ – Изет Меџити им ги презема клучните луѓе (ДЕТАЛИ)

Published

on

Претседателот на Демократското движење Изет Меџити вечерва објави дека речиси го преземал општинскиот органок Сарај на ДУИ од Блерим Беџети во Демократското движење.

-Вистинскиот начин е обединување на чесните сили!

Секој ден, нашето патување станува се посилно, бидејќи се повеќе наши бестрашни врсници и поранешни партнери се приклучуваат на нашата праведна визија.

Денес, со задоволство можам да објавам дека значајни личности и основачи на ДУИ се приклучуваат на Демократското движење, огранок во Сарај:

• Зеко Абази – основач на Собранието на ДУИ-Сарај и член на Надзорниот совет.

• Мухамет Хоџа – поранешен портпарол на Владата на РМ и член на огранокот на ДУИ-Сарај.

• Јонуз Метуши – Претседател на Младински форум ДУИ-Сарај.

• Хатиф Шабани – Претседател на Локалниот совет на ДУИ-Чајлане.

• Бујамин Шабани – Припадник на огранокот Свиларе.

• Дрита Фета – Координаторка на Форум на жени ДУИ-Сарај.

Овие поединци се силни столбови кои дадоа неверојатен придонес низ годините и сега избраа да бидат дел од нашето патување.

Ги повикувам сите активисти на ДУИ и чесни структури да ни се придружат во овој искрен и праведен напор за подобра иднина.

Добредојдовте на патот на правдата и промените!

Заедно сме посилни, заедно ја градиме иднината!, објави Изет Меџити од коалицијата Вреди.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк