50 ИЛЈАДИ НА МАСОВЕН ПРОТЕСТ ВО БЕЛГРАД – Се бара затворање на медиумите кои промовираат омраза (ВИДЕО)

Смена на министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ и на директорот на Безбедносно информативната агенција Александар Вулин беше побарана на протестниот марш „Србија против насилството“, што вечерва се одржува во Белград како реакција на неодамнешните масовни пукања, во кои беа убиени 17 луѓе, главно деца и млади.

Илјадници граѓани и претставници на опозицијата, која го организира маршот, прво се собраа пред зградата на парламентот, по што мирно продолжија кон владата. Најавено е дека протестот ќе помине без говори и обраќања од учесниците.

Završen protest "Srbija protiv nasilja": U Beogradu više od 50.000 ljudi, opozicija dala rok do 12. maja 1

Истовремено се одржува протест и во Нови Сад и други градови низ земјата.

„Во оваа земја никој не се чувствува сигурно. Затоа и бараме оставки на Гашиќ и Вулин. По она што ни се случи, ова се малку луѓе“, изјави актерот и опозиционер Сергеј Трифуновиќ за „Н1“.

На почетокот на протестот беа прочитани барањата до владата, на која ѝ се дава рок до петок да ги исполни. Меѓу другото, се бара затворање на печатените медиуми кои промовираат омраза и насилство и во континуитет го кршат новинарскиот кодекс, како и одземање на националните фреквенции на телевизиите „Пинк“ и „Хепи“.