Connect with us

Македонија

Со највисоки почести, Христијан Пендиков денеска ќе добие бугарско државјанство

Published

on

Софија, 10. мај 2023 – Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова денеска на свечена церемонија ќе му ги врачи бугарските документи на Христијан Пендиков.

Церемонијата ќе се одржи во во 14:30 часот во т.н. Гербова сала во Претседателството на Бугарија. Таа важи за најголемата и за најпретставителната сала во објектот и во неа се одржуваат најважните средби, се потпишуваат меѓудржавни договори и се доделуваат награди и одличја.

Указот за добивање бугарско државјанство врз основа на бугарското потекло на Христијан Пендиков го има потпишано потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова.

Пендиков пред неколку месеци беше претепан во Охрид. Судскиот процес во кој се обвинети двете лица кои го извршиле насилството е во тек. Тој беше секретар на бугарското здружение „Цар Борис III” во Охрид.

Македонија

Повеќе пари за пензионерите: Зголемените пензии стигнуваат овој месец!

Published

on

pari

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека зголемувањето на примањата на пензионерите ќе ја намали разликата меѓу најбогатите и најсиромашните граѓани. Тој потенцираше дека Владата не ги прифатила предлозите на Светска банка и на Меѓународниот монетарен фонд кои побараа зголемување на старосната граница за пензионирање, зголемување на ДДВ и воведување променливи даночни стапки. Рамниот данок останува определба на оваа владина гарнитура.

Повисоки пензии од утре добиваат сите пензионери во земјава. На сметките на над 300.000 пензионери ќе легнат зголемени мартовски пензии за 2.500 денари.

Со зголемувањето на пензиите од 2.500 денари во минатата есен, пензионерите веќе имаат поголеми примања за 5.000 денари за само 8 месеци. За 2025 година, во Буџетот се предвидени 1,715 милијарди евра за исплата на пензиите.

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека зголемувањето на примањата на пензионерите ќе ја намали разликата меѓу најбогатите и најсиромашните граѓани. Тој потенцираше дека Владата не ги прифатила предлозите на Светска банка и на Меѓународниот монетарен фонд кои побараа зголемување на старосната граница за пензионирање, зголемување на ДДВ и воведување променливи даночни стапки. Рамниот данок останува определба на оваа владина гарнитура.

Инаку и платите на здравствените работници за март ќе бидат поголеми за 15%, а до крајот мандатот планирано е тие да бидат покачени за 40-50%.

Continue Reading

Македонија

Ник Кејв доаѓа во Скопје

Published

on

Како што денeска е објавено на официјалната веб страница на Ник Кејв, Скопје и Македонија се дел од летната турнеја на која тој придружуван од басистот на „Рејдиохед“, Колин Гринвуд ги пее најубавите песни од неговoта безвременска музика.

Оваа вест ја објавија и многу интернационали медиуми, меѓу кои и највлијателниот музички медиум „Њу мјузикл експрес“ (NME – New Musical Express)

Continue Reading

Македонија

6 пациенти се враќаат од лекување во странство

Published

on

6 пациенти го завршија лекувањето во странство и се враќаат во државата. Пет од нив се од српските медициснки центри и еден од Италија. Пациентите ќе бидат примени на клиниките каде се лекувале пред да бидат транспортирани во странство. 

„Кај останатите пациенти во странство кај дел од нив има подобрување, а неколкумина се уште се интубирани и во потешка здравствена состојба. Во здравствените установи во државава остануваат 16 пациенти во добра општа состојба, како и во текот на вчерашниот ден, по шест во Св.Наум Охридски и ГОБ 8 Септември и четири во приватните болници.“

Кај 6 пациенти кои се на лекување во хируршката клиника Св. Наум Охридски веќе е извршена трансплатација на кожа. Лекарите велат овој процес следува откако ќе се утврди дека пациентот е во стабилна состојба и доколку се работи за длабоки рани кај кои е непходна оваа интервенција за да се залечат целосно. 

Еден или двајца од нив можно е да бидат пуштени на домашно лекување оваа недела доколку конзилиумот одлучи позитивно. За пациентите кои се веќе на домашно лекување, тимови на лекари оди во посета за  преврски и останати потреби.  Освен пластични хирурзи, како што најавија од министерството за здравство ќе бидат посетувани и од психијатри, психолози и специјалисти од различни области.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк