Уапсен е пратеник – лажел за сѐ, дури и за верската припадност

Сантос е обвинет за злоупотреба на средства за кампањата, лажење на Конгресот за изворите на неговите приходи и мамење за да добие незаслужени бенефиции за невработеност, објавија денеска обвинителите.

Во обвинението се наведува дека Сантос ги охрабрил своите гласачи да му донираат пари, уверувајќи ги дека парите ќе бидат искористени за поддршка на неговата кампања. Наместо тоа, велат обвинителите, тој го потрошил на себе – купувајќи скапа облека и отплаќајќи кредитни картички и рати за заем за автомобил.

Сантос, исто така, е обвинет дека лажел за неговите финансии на официјалните документи на Конгресот и дека аплицирал за бенефиции за невработеност (кои ги добивал) додека бил регионален директор на инвестициска компанија која државата ја затворила во 2021 година, по обвинувањата дека тоа е т.н. Понзи шема.

Џорџ Сантос (34), кој ги зголемил финансиските приходи и ја разубавил својата биографија, призна дека измислил добар дел од својата биографија.

Овој конгресмен, кој себеси се опишал како „остварување на американскиот сон“,е обвинет и дека лаже за својата верска припадност, тврдејќи дека е „горд на своето еврејско потекло“ иако пораснал во католичко семејство. Против него се водат неколку истраги, во Конгресот, во Њујорк, па дури и во Бразил.