БУГАРСКИ ИСТОРИЧАР: Да не преминевме во антифашистичката коалиција границите на Југославија ќе беа до Софија!

Соседните земји можеа да бараат бугарска територија доколку Бугарија не влезеше во антифашистичката коалиција за време на Втората светска војна, тврди бугарскиот историчар Нако Стефанов, пренесува Спутник.

Како што потсети, Бугарија до септември 1944 година беше на страната на силите на оската во Втората светска војна, бидејќи во 1941 година дозволи германските сили да бидат стационирани на нејзина територија. Учествуваше и во задушувањето на отпорот во Југославија, а бугарската администрација беше формирана на територијата на денешна Македонија, Грција и Србија.

Но, како што тврди тој, доколку останеше на страната на силите на Оската и не се префрлише на страната на СССР, исходот од Втората светска војна за Бугарија ќе беше сосема поинаков.


„Замислете Југославија и Грција, кои настрадаа за време на војната од фашистичка Бугарија, да се обединат – каде ќе минува границата? Можеби дури и на само 10 километри од Софија. „Не можам ни да замислам каква би била Бугарија денес“, рече тој.
Стефанов оцени и дека ваквиот расплет на настаните би бил катастрофа за Бугарија.