Connect with us

Македонија

Дете избоде дете кај џамијата во Батинци!

На 13.05.2023 полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево привеле малолетник од с.Батинци, постапувајќи по пријава според која на 12.05.2023 во вечерните часови во с.Батинци, скопско, во близина на џамијата, нападнал друг малолетник од истото село и му нанел повреда со остар предмет.

Повредениот е пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, велат од МВР.

Како што информираат од МВР, со пријавениот малолетник во присуство на родител е извршен службен разговор во полициска станица и во координација со Јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија

Запленети 4.333 пиротехнички средства кај Штипјанец – откриена голема пратка

Празничната еуфорија доби горчлив вкус за еден 47-годишен жител на Штип, кој синоќа беше лишен од слобода откако полицијата пронашла цел арсенал пиротехнички средства на неговата тезга на централниот плоштад „Слобода“.

Акцијата на Секторот за внатрешни работи (СВР) – Штип резултираше со запленување на вкупно 4.333 парчиња разновидна пиротехника. Првично, во 20:15 часот, полициските службеници на тезгата на М.Н. (47) од Штип, пронашле и одзеле 1.340 парчиња петарди и други пиротехнички направи.

Но, тоа бил само почеток.

Подоцна, со судска наредба, извршен е претрес во домот на уапсениот, каде е откриена дополнителна, огромна количина – уште 2.993 парчиња експлозивни материи.

Лицето е задржано во полициска станица, а јавен обвинител е известен за случајот. По комплетирање на документацијата, против штипјанецот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, дело за кое се предвидени затворски казни до десет години.

По овој случај, Министерството за внатрешни работи утринава со жесток апел до граѓаните – да се воздржат од употреба на пиротехника за време на новогодишните празници.

„Петардите не се играчка! Нивното користење е строго забрането, а празничното пукање може да биде исклучително опасно по животот и здравјето, оставајќи екстремно тешки, ненадоместливи и трајни последици“ – нагласуваат од МВР.

Портпаролот Гоце Андреевски посочи дека активностите против пиротехниката се континуирани и со засилена динамика пред и за време на празниците, со цел да се подигне свесноста кај младите и нивните родители.

МВР најавува засилени акциски контроли за санкционирање на користењето и нелегалната продажба.

Законот за прекршоци против јавниот ред и мир предвидува глоби за неовластена употреба. Кривичниот законик (член 396) за нелегално тргување и држење експлозивни материи, пак, предвидува затвор од три до десет години. Доколку се работи за поголема количина или забранети средства, казната е најмалку пет години затвор.

Министерството, во соработка со невладините организации, ги повикува и родителите да не им купуваат пиротехника на своите деца за да се избегнат трагични последици.

Граѓаните се охрабруваат да ги почитуваат законските прописи и сите нарушувања да ги пријават на полициските телефонски броеви 192 или 112.

Continue Reading

Македонија

Мигрантска акција кај Гевгелија: петмина од Египет пронајдени, едно лице приведено

Полицијата изврши брза акција во близина на Гевгелија, која резултираше со апсење на еден шверцер на мигранти и откривање на група од пет лица кои илегално влегле во земјата.

Вчеравечер, околу 20:30 часот, на локацијата позната како „Нова Петла“ во Гевгелија, полициски службеници го лишија од слобода Р.Р. (28) од скопското село Копаница.

При претрес во неговото возило „Пежо“ со гостиварски регистарски таблички, затечени се пет лица – мигранти по потекло од Египет, кои биле предмет на криумчарење.

Мигрантите веднаш се пренесени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија, каде ќе им биде пружена соодветна грижа.

Против Р.Р. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за криумчарење мигранти по целосно документирање на случајот, со што се испраќа остра порака дека надлежните органи нема да толерираат илегални активности од овој вид.

Continue Reading

Македонија

Кој ќе ја преземе функцијата претседател на Советот на јавни обвинители?

Советот на јавни обвинители на Република Македонија денеска ја одржува својата 32. седница, на која клучна точка на дневниот ред е изборот на нов претседател на Советот.

Оваа функција е испразнета од 1 октомври годинава, кога ѝ истече мандатот на досегашната претседателка, Душица Димитриеска. Советот ја констатираше одлуката за престанок на нејзината функција на 28-та седница одржана на 30 септември. Изборот на ново раководно лице беше привремено одложен поради текот на локалните избори. Во меѓувреме, со работата на Советот раководи заменик-претседателот Башким Бесими.

Покрај кадровското решение за лидерската позиција, на денешната седница се разгледуваат и други важни прашања: Престанок на функцијата јавен обвинител по сопствено барање и формирање на нова Комисија за спроведување на стратегијата за комуникација и транспарентност за периодот 2025–2028 година.

Според најавите од официјалната веб-страница на Советот на јавни обвинители, се очекува денешната седница да донесе значајни кадровски и стратешки одлуки кои се клучни за натамошното функционирање на институцијата.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг