Ивановски најдобар во двојки: Македонецот атакува на две титули во Куршумлиска Бања

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски продолжува со успесите на турнирот во Куршумлиска Бања, Србија.

Ивановски денеска во финалето во двојки заедно со Украинецот Олександр Овчаренко со резултат 2:1 (3:6, 7:6, 10:5) триумфираа над Андреј Чепелев (Русија) и Микалаи Халиак (Белорусија).

Нашиот натпреварувач има шанса викендов да се закити со две титули, в недела го очекува и финале во сингл конкуренцијата.

Ивановски за титулата ќе игра против седмиот носител на турнирот, Клемен Табур од Франција.

Табур во полуфиналната фаза го елиминираше Италијанецот Самуел Винсент Ругери со 7:6 и 6:4.