НИЗ МАКЕДОНИЈА ЌЕ ФРЧАТ БРЗИ ВОЗОВИ! – Ќе се вклучиме во брзата железница

Потребната сума за проектот, според првичните проекции, е 1,5 милијарди евра, а поврзувањето ќе биде финансирано од европски пари.

Македонија ја прифати поканата од Унгарија и Србија за приклучување кон проектот брза железница по Коридор 10. Извори од Владата брифираат дека наскоро министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ќе го потпише меморандумот.

Изградбата на брзата железница помеѓу Будимпешта и Белград е веќе започната. Од Прешево треба да продолжи преку Скопје кон Евзони, како што информираат од Владата. Потребната сума за проектот, според првичните проекции, е 1,5 милијарди евра, но поврзувањето ќе биде финансирано од европски пари, односно самата ЕУ е силно заинтересирана за овој проект, и голем дел од средствата би се исплатиле како европски грант.