Connect with us

Македонија

Талески: Некои работи понекогаш излегуваат од контрола, но не заслужив пендрек

Published

on

Финалето во ракометниот Куп на Македонија кое се одржа во салата „Билјанини извори“ во Охрид му припадна на Вардар 1961 по победата над битолски Еурофарм Пелистер, а црна дамка по завршувањето на натпреварот остави инцидентот кога без никаква причина полициски службеник со пендрек го удри нашиот репрезентативец Филип Талески, играчот на скопските „црвено-црни“.

Левиот бек на Вардар 1961 само имаше намера во големата турканица да ја смири тензијата на паркетот која се создаде меѓу неколку ракометари од двете екипи, но со ништо не заслужи удар со пендрек.

– Како спортист мислам дека е добро што во Македонија има дерби како ова. Сепак, некои работи понекогаш излегуваат од контрола. Навистина не знам како е можно од полицаец да добијам удар со пендрек. Не направив ништо за тоа да го заслужам. Во шок сум, како и целата ракометна јавност во Европа. Тие сцени го обиколија целиот ракометен свет. Добив многу пораки за поддршка. Исто така, верувам дека надлежните органи ќе си ја завршат работата во овој случај. Верувам дека такви работи нема да се случуваат во иднина – изјави македонскиот репрезентативец за lobsport.me

И додека Вардар го освои Купот, на другата страна Еурофарм Пелистер, на крајот од сезоната на две кола пред крајот има три бода предност во првенството. Клубот од Битола е на најдобар пат да ја освои 15 шампионска титула, а прва од 2005 година.

– Најважно е што победивме и што Вардар зеде барем еден трофеј и оваа сезона. Покажавме дека имаме карактер и дека поседуваме шампионски дух. На крајот на краиштата, ова е клуб кој двапати беше европски шампион. Беше тешка и долга сезона за нас, немавме долг ростер и тоа е главниот проблем. Остануваат уште две кола до крајот. Ако Пелистер ја освои титулата, а вистината е дека тој е поблиску до неа од нас, треба да им се честита – се зборовите на Талески.

Македонија

Македонското друштво „Илинден“ – Тирана бара создавање на Општините Голо Брдо и Гора

Published

on

Десет години по територијалната поделба од 2014 година, регионите Голо Брдо и Гора, каде што живее Македонското национално малцинство, остануваат сè уште неразвиени.

Во 2014 година беа укинати општините Требиште, Острени и Стеблево во регионот на Голо Брдо, кои беа припоени кон општините Булќиза и Либражд, како и општините Шиштавец и Запод во регионот на Гора, кои беа припоени кон Општина Кукс.

Македонското национално малцинство во регионите на Голо Брдо и Гора го смета укинувањето на општините како чекор назад во почитувањето на правата на малцинствата во Република Албанија.

Македонското друштво „Илинден“ – Тирана бара од Владата да предложи измени во Законот за локална самоуправа со цел создавање на две нови општини:

• Општина Голо Брдо

• Општина Гора

Македонското друштво „Илинден“ – Тирана верува дека овој демократски процес ќе ја зголеми довербата на граѓаните во системот и ќе овозможи поефикасно решавање на проблемите во регионите на Голо Брдо и Гора.

Македонско друштво „Илинден“ – Тирана

Претседател, Никола Ѓурѓај

Координатор на македонското друштво „Илинден“ – Тирана за регионот Голо Брдо, Фатри Фетау

Continue Reading

Македонија

Гоце Трајковски денеска не бил повикан за сведок на судењето за Вања

Published

on

На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски не бил повикан сведокот Гоце Трајковски, кој е осомничен за друго кривично дело и минатата недела се предаде на полицијата во полициска станица.

Инаку, во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, каде првообвинет е Љупчо Палевски – Палчо, заедно со Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и продолжува со изведување на докази предложени од Обвинителството.

Сведокот Гоце Трајковски, кој заедно со таткото на убиеното девојче Вања, Александар Ѓорчевски, според досегашните искази на другите сведоци, прибирал и гледале видео снимки од околните објекти, кој беше недостапен на органите на прогон за друго кривично дело и не можеше да биде сослушан на претходните рочишта, минатата недела сам се пријавил во полициска станица.

Трајковски, кој е предложен како сведок во овој случај, а осомничен за друго тешко кривично дело – подметнување пожар, на 23 јануари 2025 сам се пријавил во полициска станица и се очекува денеска да биде сослушан.

На минатото рочиште беа изведувани видео записи од безбедносни камери. Обвинителство презентираше видео записи од системот Сејф сити, за кои рече дека се обезбедени со пребарување по регистарски таблички на возилата Цитроен и Рено Кангу за нивното движење низ Скопје на критичниот ден на 27 ноември 2023 година и неколку дена пред да биде грабнато девејчето.

Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска.

Првообвинетиот Палевски Палчо, на минатото рочиште најави дека ќе бара изземање на обвинителството.

– Барам да си ја уреди листата на докази оваа супер обвинителска екипа што ме обвинува. Сакам да најавам дека на следното рочиште ќе барам изземање на целото обвинителство, за што ќе приложам докази, изјави Палевски.

На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат виновни.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Continue Reading

Македонија

ЈКП Шари со информација за водата во Тетово

Published

on

Јавното здравствено установување (ЈЗУ) Центар за јавно здравје Тетово објави резултати од анализата на квалитетот на водата за пиење во градот. Според наодите, водата е питка и задоволува високи стандарди за квалитет, што е потврда за безбедноста и исправноста на водоснабдувањето.

Ова се резултатите од 24.01.2025 година од ЈЗУ (Центар за јавно здравје) Тетово за квалитетот на водата за пиење во градот.

Резултатите од ЈЗУ ни покажуваат дека водата е питка и квалитетна.

ЈКП Шари Тетово

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк