Арсовска не се кае што стана градоначалничка – „Горда сум што разобличив некои луѓе“

На крајот на емисијата 10МИНУТИ на ТВ21, прашање за Арсовска дали се кае што стана градоначалник и што ја имаше поддршката од ВМРО-ДПМНЕ за да ги добие изборите.

„Не се каам воопшто, горда сум што успеав да разобличам некои луѓе. Покажав дека ако се сака, и без поддршка и без помош од никого, и дека ако се сака да се работи во интерес на граѓаните, да се слушаат граѓаните и да се решаваат нивните проблеми, може да се сработи и покрај сите опструкции од власта“, рече Арсовска.