Connect with us

Балкан

(ВИДЕО) Србин спаси бебе oд поплавите во Италија

Делови од Италија се под вода, а ситуацијата е драматична, особено во регионот Емилија-Ромања, каде што голем поплавен бран ја зафати Цезена, по излевањето на реката Савио, што ги поплави улиците, пренесува Раи њуз. Многумина успеваа да се спасат на различни начини, се качуваа на покриви и повисоки делови од куќи, но некои останаа заглавени.

Едно од лицата кои не успеале да се снајдат во дадената ситуација е мајка со мало девојче, која повика помош бидејќи не можеше да излезе од влезот бидејќи водата во тој дел од улицата е над еден метар. Меѓу луѓето кои скокнаа во водата и успеаа да допливаат до нив и да ги спасат е и Србинот Ѓорѓе Пантиќ кој им пријде на помош.

Дојде кај жената, па Ѓорѓе го зема бебето од прегратките и го ставил на рамениците. Неговата мајка го следеше. Во тој момент водата им беше речиси до рамениците. Бебето е донесено на безбедно, а луѓето и помогнаа на исплашената жена да се пробие низ водата. Ѓорѓе Пантиќ работи во Италија како готвач, а инаку е син на познатиот писател Михајло Пантиќ.

Според последниот извештај, најмалку три лица загинаа, а илјадници се евакуирани од своите домови по разорните поплави што го погодија северниот дел на италијанскиот регион Емилија Ромања, соопштија денеска властите, предупредувајќи дека ситуацијата може да се влоши.

Advertisement

Балкан

Евзони повторно блокиран: Грчките земјоделци го стопираат сообраќајот цел ден

Граничниот премин Евзони денеска повторно е во целосна блокада поради штрајкот на грчките земјоделци, кои со протестите го запираат сообраќајот за сите категории возила.

Според информациите од Авто-мото сојузот на Македонија, преминот ќе биде затворен во два термина: од 10 до 14 часот и повторно од 18 до 22 часот.

Блокадата предизвикува значителни застои и пречки за патниците и превозниците кои патуваат кон Грција, а засега нема најави кога ситуацијата би можела да се нормализира.

Continue Reading

Балкан

КФОР со засилени операции: Повеќе патроли и поголемо присуство ширум Косово

Мисијата КФОР соопшти дека значително го зголеми своето присуство и патролни активности низ Косово, како дел од редовните обуки и подготовките на своите единици.

„Ова ја демонстрира подготвеноста на КФОР да реагира на сите релевантни безбедносни настани кои би можеле да влијаат на безбедноста на Косово и на регионалната стабилност“, се наведува во соопштението на мисијата.

КФОР истакнува дека преку агилен и флексибилен пристап целосно го спроведува својот мандат согласно Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999 година, со цел да обезбеди безбедна средина за сите жители и непречена слобода на движење. Мисијата продолжува да делува непристрасно и во тесна координација со Косовската полиција и Еулекс, во рамките на нивните надлежности.

Од КФОР додаваат дека нивните активности се интегрирани со напорите на меѓународната заедница, вклучително и поддршката на дијалогот Белград–Приштина што го посредува Европската унија.

Командантот на КФОР, генерал-мајор Озкан Улуташ, останува во редовна комуникација со косовските безбедносни институции, со раководството на Еулекс, како и со началникот на Генералштабот на Војската на Србија.

Continue Reading

Балкан

Опасност од поплави во централна Грција: Жителите добија наредба за подготвеност и можни евакуации

Жителите на селото Иперија во регионот Лариса утрово добија официјално предупредување од грчките власти да се преселат во градот Фарсала поради сериозен ризик од излевање на реката Енипејас, објави „Катимерини“.

Цивилната заштита апелира до сите кои живеат во близина на речното корито да останат во состојба на целосна готовност. Истовремено, предупредувања за можна превентивна евакуација се издадени и во повеќе други населени места, меѓу кои Лефкија, Орфанаса, Ампелонас, Филос и Илиас.

Зголемените водостоји и опасноста од брзо и неконтролирано излевање на реката ја поттикнаа препораката жителите на Иперија навреме да се преместат во побезбедните делови на регионот. Властите ги повикуваат граѓаните внимателно да ги следат официјалните инструкции, да избегнуваат движење во близина на реката и да бидат подготвени за итна евакуација доколку ситуацијата дополнително се влоши.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг