Connect with us

Балкан

Нови снимки од дивеењето на студентите во Охрид: Вадат лустери и пијат од нив (ВИДЕО)

На социјалните мрежи продолжуваат да се шират видеа од дивеењето на студентите од 12-те кинезиолошки факултети од Хрватска и регионот. Сите учествуваа во Охрид на, како што велат, традиционалниот собир на студентите „Дифовијада“. 

Лустери наместо чаши, фрлање прозорци низ прозорец – сето тоа може да се види на новите снимки, пишува хрватскиот портал„24сата.хр“.

Тоа беше вистинска руина. Сите дојдовме да се опуштиме, а некои претераа малку, како што можете да видите. Да не зборуваме како снимаа сѐ и уште се фалеа со тоа на мрежите, изјави за весникот студент кој учествувал на „Дифовијадата“.

Од хотелот „Десарет“ каде што се случило демолирањето претходно кажаа дека се многу изненадени.

Имаме големи групи студенти кои доаѓаат да се дружат овде. Никогаш до сега немало проблем, изјави претходно хотелскиот менаџер.

Претседателот на Сојузот на студенти на Хрватска за уништениот хотел во Охрид изјавил дека пожарот е предизвикан од инсталациите.  

Балкан

Силни поплави ја зафатија Атина и Солун – Грција под обилни дождови

Грција се соочува со серија разорни бури и обилни дождови предизвикани од силен циклон кој го зафати поголемиот дел од земјата. Најкритична е ситуацијата во северните, централните и југоисточните региони, како и во областа на Егејското Море, каде што во еден ден наврнале до 100 литри дожд на квадратен метар.

Интензивните врнежи предизвикаа разорни поплави и порои кои уништија возила, поплавија згради и предизвикаа големи материјални штети. Обилните дождови не ги заобиколија ниту главниот град Атина, ниту Солун, каде што штетите се значајни.

Метеоролозите предупредуваат дека серијата бури ќе продолжи до крајот на неделата, со дополнителна закана од разорни поплави и ненадејни водени талози. На некои локации се очекува дополнителни 100 до 200 литри дожд на квадратен метар, што дополнително го влошува ризикот за нови штети.

Граѓаните се советуваат да бидат внимателни, да избегнуваат непотребно движење и да се придржуваат до упатствата на локалните власти.

Continue Reading

Балкан

Шекеринска: НАТО внимателно го следи руското хибридно мешање во БиХ и на Балканот

Заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, изјави дека Алијансата внимателно ги следи обидите на Русија да влијае врз внатрешните процеси во Босна и Херцеговина и на поширокиот Западен Балкан. Таа оцени дека активностите што се забележуваат претставуваат типичен дел од рускиот хибриден арсенал, насочен кон создавање поделби и поттикнување сецесионистичка реторика.

Шекеринска нагласи дека руските обиди за хибридно делување не се ограничени само на регионот, туку се присутни и кај други сојузници и партнери на НАТО. Според неа, Западен Балкан останува од стратешка важност за Алијансата, која во регионот има повеќе членки, како и партнери меѓу кои и БиХ.

Говорејќи за состојбата во одбранбениот сектор на БиХ, таа посочи дека НАТО помага во низа практични области, но дека стабилното финансирање на Оружените сили на БиХ е клучно за нивна модернизација. Потсети и на програмата DCB, преку која БиХ доби опрема и специјализирани возила со поддршка од Словенија, но предупреди дека таквата помош мора да биде проследена со долгорочни национални вложувања.

Во пораката до политичките лидери во БиХ, Шекеринска истакна дека политичките компромиси често се ризични, но носат поголема сигурност и стабилност на долг рок. Таа додаде дека граѓаните очекуваат исчекори напред, наместо повторување на истите политички конфликти што ја следат земјата веќе три децении.

Continue Reading

Балкан

Евзони повторно блокиран: Грчките земјоделци го стопираат сообраќајот цел ден

Граничниот премин Евзони денеска повторно е во целосна блокада поради штрајкот на грчките земјоделци, кои со протестите го запираат сообраќајот за сите категории возила.

Според информациите од Авто-мото сојузот на Македонија, преминот ќе биде затворен во два термина: од 10 до 14 часот и повторно од 18 до 22 часот.

Блокадата предизвикува значителни застои и пречки за патниците и превозниците кои патуваат кон Грција, а засега нема најави кога ситуацијата би можела да се нормализира.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг