(ВИДЕО) Четири деца и бебе пронајдени живи во џунгла 15 дена откако авионот со кој патувале се урнал

Спасувачите, прудружени од кучиња трагачи, претходно пронашле фрлено овошје кое децата го јаделе за да преживеат, како и импровизирани засолништа направени од вегетација од џунглата

Четири деца, меѓу кои и 11-месечно бебе, беа пронајдени живи повеќе од две недели откако авионот со кој патувале се урнал во густа џунгла во колумбиската провинција Какета.

Децата, по двонеделна потрага, биле спасени од припадници на војската, пожарникари и претставници на цивилната авијација.

Спасувачите, прудружени од кучиња трагачи, претходно пронашле фрлено овошје кое децата го јаделе за да преживеат, како и импровизирани засолништа направени од вегетација од џунглата.

Видео:

El ejército de Colombia busca a cuatro niños desaparecidos en la Amazonía tras un accidente aéreo

Несреќата се случила на почетокот на мај, кога авионот „цесна 206“, во кој се превезувале седум лица меѓу Аракуара, во провинцијата Амазонас, и Сан Хозе дел Гуавијаре, град во провинцијата Гуавијаре, се урна во џунглата.

Во несреќата загинале тројца возрасни, меѓу кои и пилотот, а нивните тела биле пронајдени во авионот. Четири деца на возраст од 13, 9 и 4 години, како и едно 11-месечно бебе, кои припаѓаат на домородното население Уитото, ја преживеале авионската несреќа.

„По макотрпна потрага на нашата војска, ги најдовме живи четирите деца кои исчезнаа по авионската несреќа во Гуавијаре“,

објави колумбискиот претседател Густаво Петро во објава на Твитер.

Џунглата е многу густа и опасна во таа екстремно оддалечена област, а потрагата беше отежната поради присуството на диви животни, дрвја високи и до 40 метри и обилниот дожд, додаде тој.

Причините за несреќата сè уште не се утврдени. Според Цивилната заштита, пилотот пријавил проблеми со моторот пред да исчезне од радарот.