Connect with us

Балкан

Германците ќе се онесвестат – Прасе на ражен носат балканци по улица (Видео)

Пред десетина дена полицијата во Нојнкирхен во германската покраина Сар примила неколку повици за четворица мажи кои носат печено животно на ражен.

Локалните медиуми јавуваат дека очевидци повикале полиција и изјавиле дека животно било набиено на ражен со виснати нозе. Снимени се и видеа кои кружат на социјалните мрежи, пренесува магазинот Феникс.

Изгледа има уште едно видео на кое се гледа дека животното веќе е печено. Второто видео е снимено од возило во движење, се наведува на веб-страницата на овој медиум.

Портпаролот на полицијата потврди дека се запознаени со случајот.

„Полицијата е запознаена со видео снимките. Покрената е истрага поради сомневање за прекршување на Законот за благосостојба на животните. На некои од клиповите се гледа дека животното е овца. Сепак, тоа се уште не е потврдено – изјави портпаролот.

Тој кажа дека засега е под знак прашалник дали инцидентот воопшто има кривично-правно значење.

„Според Кривичниот законик, како злоупотреба на животни е забрането само неоправдано убивање животни и мачење. На пример, дозволено е да се убие животно откако ќе се зашемети за да се пече на скара и да се јаде“, изјави тој.

Неколку дена подоцна полицијата излезе со нови информации и откри дека мажите на видеото се Бугари кои живеат во Нојнкирхен.

„Месото е подготвено под законски околности и е добиено од блиска месарница. Бидејќи немале возило, го носеле по улицата. Тие не се соочуваат со никаква казна бидејќи нема кривично дело“,  изјави портпаролката на полицијата.

Тоа ги смири граѓаните кои ги повикаа властите за да го пријават случајот. – пренесува Макфакс.

Балкан

(ВИДЕО) Автомобил „полета“ над кружен тек – дијабетска криза ја предизвикала несреќата

Тешка сообраќајна несреќа се случи во Романија кога возач на „мерцедес“ ја изгуби контролата врз автомобилот и буквално прелета над две возила на кружен тек.

На видеото кое кружи на социјалните мрежи јасно се гледа дека автомобилот возел со голема брзина, ја пресекол кружницата и „полетал“ над другите возила пред да удри во столб на надзорна камера и да застане на зелена површина покрај блиска бензинска пумпа.

Возачот, 55-годишен маж, останал заробен во автомобилот, но спасувачите успеале да го извлечат. Тој претрпел само полесни повреди и е однесен во болница на контрола, без потреба од хоспитализација.

Тестовите покажале дека не консумирал алкохол или дрога, а причината за несреќата е дијабетска криза која го спречила да реагира додека возел.

Continue Reading

Балкан

Аеродромот Сараево без раководство: Судски мерки и истечени мандати го парализираа управувањето

Меѓународниот Аеродром Сараево од утрово се соочува со целосен управувачки застој, откако Врховниот суд на Федерацијата БиХ му забрани на в.д. директорот Санин Рамезиќ да ја извршува функцијата, а на извршните директори им истекоа мандатите на полноќ, пренесува Истрага.

Ситуацијата дополнително се усложни бидејќи тројца од петте членови на Надзорниот одбор добија забрана за вршење должност, што значи дека ова тело нема кворум и не може да свика седница ниту да назначи ново в.д. раководство.

Вчера, по предлог на специјалниот истражен тим ПОСКОК, Судот изрече забрани за Рамезиќ и членовите на Надзорниот одбор Бенјамин Мешак, Аднан Махмутовиќ и Жан Матиќ. Истовремено, Владата на ФБиХ донесе одлука со која даде претходна согласност за продолжување на мандатите на Рамезиќ и извршните директори Амадео Мандиќ и Слободан Кадијевиќ.

Но, забраната за Рамезиќ веднаш ја блокираше можноста тој повторно да биде именуван, а без кворум, Надзорниот одбор не може ниту формално да донесе одлука за продолжување на мандатите.

Според истрагата на ПОСКОК, постои основано сомнение дека Рамезиќ и тројца членови на Надзорниот одбор ја злоупотребиле службената положба за да извршат измени во Статутот на претпријатието со цел да му овоможат на Рамезиќ да стане постојан директор.

Комбинацијата од судски мерки, административни забрани и истечени мандати го оставија Аеродромот Сараево без легитимно раководство, со неизвесност како и кога ќе биде надмината институционалната блокада.

Continue Reading

Балкан

Полицијата запре „порше“ што се движело со 233 километри на час

За време на акцијата за засилена сообраќајна контрола, српската полиција пресретна 26-годишен возач М.В., кој управувал „порше“ со 233,2 километри на час на автопатот Белград – Нови Сад, во близина на Сурчин. На овој дел од патот максимално дозволената брзина изнесува 130 километри на час.

Министерството за внатрешни работи информира дека возачот е веднаш исклучен од сообраќај и против него е поднесена прекршочна пријава за насилно возење.

Од МВР додаваат дека во изминатите четири дена, откако започна акцијата, сообраќајната полиција контролирала околу 40.000 возила и открила повеќе од 22.500 прекршоци, од кои 33 се класифицирани како насилно возење. Акцијата ќе продолжи до недела, 7 декември.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг