Северина објави снимка со соработникот: Среќен роденден, љубов!

Северина денеска на својот Инстаграм објави фотографија со нејзиниот соработник и пријател Давор Гргин.

Гргин доби и особено емотивна честитка од пејачката, која Севе ја објави со заедничко селфи.

„Срце мое, да не те запознаев навистина ќе беше грев, бидејќи ние двајца сме вистински пар. Среќен роденден љубов“, напиша Севе.