Падна Бахмут: Путин најави награди за војниците

Русија соопшти дека го освоила целиот украински град Бахмут, што, доколку се потврди, ќе го означи крајот на најдолгата и најкрвавата битка од 15-месечната војна. Додека официјална Москва најави награди за најхрабрите, украинскиот претседател Володимир Зеленски истакна дека не знае дали во градот се присутни се уште украинските сили.

Прашан дали се уште е под контрола на Украина, Зеленски рече: „Мислам дека не е“. За денес тоа е само во нашите срца“, додаде тој.

Инаку нападот на веќе речиси израмнетиот град до земја го предводеше руската платеничка воена група Вагнер, чиј водач Евгениј Пригожин претходно истиот ден изјави дека неговите сили го зазеле целиот град и секоја куќа.Пригожин, кој постојано ја осудува руската редовна војска за напуштање на теренот заземен претходно од неговите луѓе, рече дека неговите сили за пет дена ќе се повлечат од Бахмут за да се одморат, предавајќи ги урнатините на градот на редовната војска.„Денес, во 12 часот, Бахмут беше целосно заземен“, рече Пригожин во објавено видео, „Целосно го зазедовме целиот град, од куќа до куќа“, вели тој.

Заземањето на Бахмут, кој Русите го нарекуваат Артјомовск уште од советската ера, би значело прва голема руска победа во битка која трае повеќе од 10 месеци.

Руското Министерство за одбрана накратко објави „дека ослободувањето на Артјомовск е завршено како резултат на нападот на јуришните одреди Вагнер, со поддршка на артилерија и воздухопловни сили“.

Киев ги отфрли тврдењата на Пригожин пред објавувањето на Русија, но веднаш не се повика на тврдењето на руското министерство.

Рускиот претседател Владимир Путин им честиташе на војниците за заземањето на градот, велејќи дека најзаслужните ќе бидат наградени, пренесоа руските агенции.

Предходно британското воено разузнавање на 20 мај соопшти дека се чини оти Москва ја удвојува битката околу Бахмут, преместувајќи повеќе војници таму, иако на друго место им недостигаат.


Москва долго време тврди дека заземањето на Бахмут ќе биде отскочна даска кон напредување подлабоко во регионот Донбас, за кој тврди дека го анектираше од Украина. Тешката битка достигнува кулминација токму во моментот кога Киев ја подготвува својата контраофанзива.


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, пак, отпатува во Јапонија на Самитот на Г7- Групата на седум економски најразвиени земји во светот.