Ковачевски се заканувал: Прифатите ли промени на францускиот предлог, се селам во Америка!

Освен пред триесетина дена кога на средба со пратеничката група на СДСМ си дал оставка која подоцна под притисок на ДУИ ја повлекол премиерот Ковачевски уште најмалку еднаш во моменти на бес и немоќ се заканувал дека ќе си замине од премиерската позиција, пренесува Експрес.

Втората ситуација во која најавил оставка на шефот на владата му се случила лани во јули текот на протестите против Францускиот договор пред Собранието да донесе заклучок за прифаќање на документот кој ја стави Македонија во страшна ситуација во однос на Бугарија.

Тогаш на средба во кабинетот на спикерот на парламентот Талат Џафери биле собрани повеќе високи претставници на СДСМ, ДУИ и други членови на владејачката коалиција.

Според извори во ДУИ кои имаат прецизни информации за средбата во еден момент во расправата за прифатливоста на Францускиот предлог и можноста за негови промени со цел тој да се прилагоди на очекувањата на македонците и ВМРО-ДПМНЕ Ковачевски станал и се заканил дека ќе ја напушти премиерската функција.

Ако ги прифатите промените на францускиот предлог кои што ги бара ВМРО-ДПМНЕ тогаш јас ќе си заминам од премиерската позиција и ќе се преселам во Америка каде што имам понуда за работа, изјавил нервозниот Ковачевски пред повеќе луѓе на состанокот на кој немало претставник на ВМРО-ДПМНЕ.

На оваа реакција предходела расправа во која Али Ахмети го прашал Бујар Османи дали сугестиите на опозицијата се прифатливи на што добил позитивен одговор.

По оценката на Османи вицепремиерот Артан Груби предложил да се прифатат предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за да може таканаречениот Француски предлог да биде прифатлив за сите во Македонија по што уставните измени ќе беа само техничко прашање.

Во тој момент Ковачевски станал и рекол дека ќе го напушти состанокот и владата и ќе замине да живее во САД.

На присутните им порачал дека тој не може да бара од ЕУ промена на францускиот предлог затоа што истиот веќе го прифатил и дал збор дека ќе го помине во Собранието.

По неговата закана дека ќе даде оставка сите присутни се повлекле од идејата за прилагодување на Францускиот договор на барањата на Македонците по што ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа уставни измени кои сега се блокирани затоа што СДСМ и ДУИ немаат 80 пратеници во собранието, открива висок извор во ДУИ кој се лути што целата вина за состојбите во Македонија се префрла на неговата партија додека одлуките кои се лоши и за Mакедонците главно ги носат Ковачевски, Зечевиќ и СДСМ.

Во сличен наплив на бес и емоции премиерот на крајот на минатиот месец пред своите пратеници кои ги обвинил дека работат за Заев се заканил со оставка која била спречена од луѓе на ДУИ.