Connect with us

Македонија

Ученици од Македонија туркаат автобус на екскурзија за да тргне (Видео)

Published

on

Револтирани родители на ученици од СОУ „Добри Дол“ од Кавадарци објавија видео на социјалните мрежи на кое може да се забележи дека нивните деца на екскурзија во Франција го туркаат автобусот за да тргне.

Директорката на гимназијата, Јасмина Чулева за „Дума“ кажала дека автобусот бил исправен на вонредниот технички преглед и засега екскурзијата се реализирала без проблеми, иако дел од родителите не се согласуваат со тоа.

Македонија

Обвинение за проневера на 13,5 милиони евра за изградба на театарот во Тетово

Published

on

ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција по спроведена сеопфатна истражна постапка денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице и обвинителен предлог против едно правно лице и три физички лица, соопшти Јавното обвинителство. Обвинети се за проневера на 13 и пол милиони евра, наменети за изградбата на театарот во Тетово.

„Во периодот од 2014 до 2020 година во Тетово, првообвинетиот С.Ш. како сопственик и управител на обвинетото правно лице од Тетово, заедно и по претходен договор со третообвинетиот Х.Ф. тогашен директор на Центарот за култура „Иљо Антески-Смок” во Тетово и со четвртообвинетиот А.А., претседател на Комисијата за јавни набавки, а потоа и в.д. директор на Центарот за култура, свесно ги изигрувале прописите и правилата на постапката за доделување на договорот за јавна набавка и ја злоупотребиле својата службена положба и овластување. Со дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, обвинетите за второбвинетото правно лице оствариле имотна корист од големи размери, во износ од 832.983.064 денари (13,5 милиони евра)“, соопшти ЈО.

Среде изградбата на театарот тие го смениле договорот, кој првично предвидувал објектот да биде изграден до фаза „клуч на рака“, но наместо комплетна изградба, договориле завршување до фазата карабина. Знаеле дека јавната набавка не е делива, но сепак ја поделиле.

„Искористувајќи исти прилики, преземале повеќе временски поврзани дејствија на прифаќање усогласени понуди, времени и завршни ситуации, со кои целосно бил променет предметот на договорот. Тој се намалил од договорените 22 позиции и завршување на објектот до фаза „клуч на рака“, во завршување на само 4 позиции, во фаза „затворена карабина“, без притоа да има одобрен проект за тоа. Воедно, ја зголемувале вредноста на проектот, а за да ја оправдаат, склучиле 12 анекси на договорот, со што бил исплатен износ за 138.488.064 денари (2,2 милиони евра) повеќе од првично договореното и од предвидените пари за таа намена. Со така склучените анекси, иако постапката била неделива, го поделиле и го измениле предметот на склучениот договор од фаза „клуч на рака“ во фаза „затворена карабина“ и на тој начин овозможиле во иднина да се водат две нови постапки за јавни набавки и да се доделуваат нови договори за доградба – втора фаза, со што овозможиле корист за потенцијалните економски оператори во дополнителните постапки“, соопшти ЈО.

Во 2018 и во 2021 година, се додава, спровеле нови постапки за јавни набавки, едната за изработка на проектна документација фаза ентериер за објект во изградба и втора за изградба на втората фаза од објектот за театарот и библиотеката во Тетово.

„Со склучувањето на нови договори во вкупен износ од 1.345.917.098 денари без ДДВ (21,4 милиони евра) извршиле процентуално надминување на вредноста на основниот договор со зголемување од 93% од договорената цена со основниот договор, која изнесувала 694.495.000 денари без ДДВ (11,2 милиони евра). Дополнително, со неизвршување на законските обврски за евидентирање и пријавување на даночни обврски и поради тоа што не изготвиле основен проект на изменета состојба, на штета на Буџетот на Македонија од средствата дополнително одобрени и наменети за проект и јавна набавка на ентериер за театарот, се задолжени и се исплаќаат значителни износи од 232.699.289,00 денари (3,8 милиони евра) за данок на ДДВ, кој навремено не го евидентирале и пријавиле и од кој би биле ослободени“ соопшти Јавното обвинителство.

Петтообвинетиот Б.М. како главен надзорен инженер во правното лице ангажирано како надзорен орган, при спроведувањето на договорот за јавна набавка од 2015 до 2020 година, искористувајќи исти прилики, преземал повеќе временски поврзани дејствија на пропуштање должен надзор и на друг начин очигледно несовесно постапувал при вршење на неговите посебни овластувања, додава ЈО.

„Тој ги потпишувал градежните дневници и книги со количини според основниот проект, овозможил да бидат потпишувани анекси на договори врз основа на претходно доставени времени и завршни ситуации и да биде извршен технички прием на објектот Театар и Библиотека Тетово, иако, според одредбите од Законот за градење, претходно требало да биде изготвен пПроект на изведена состојба врз основа на новата состојба на објектот, со нови количини. А, имајќи предвид дека конструктивниот систем бил целосно сменет со нов проект, требало да се бараат нови конструктивни и статички анализи на објектот. Како резултат на тоа што не бил изготвен Проектот на изведена состојба и немало решение за одобрување на измените, што би биле составен дел од одобрението за градење, не бил изготвен ниту Проект за употреба и одржување, па така објектот не може да се запише во јавните книги на недвижности. Со ваквите дејствија потешко ги повредил правата на НУЦК „Иљо Антески Смок “  Тетово – Министерство за култура и туризам“, соопшти ЈО.

Според деталниот опис содржан во диспозитивот на обвинението, првообвинетиот С.Ш. и второобвинетото правно лице сториле продолжено кривично дело Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство од чл.275-в од Кривичниот законик. Обвинетите Х.Ф. и А.А. сториле продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 став 4, во врска со став 1, во врска со чл.45 од КЗ. Обвинетиот Б.М. сторил продолжено кривично дело кривично дело Несовесно работење во службата од член 353-в став 2 од Кривичниот закон.

Изградбата на тетовскиот театар почна во 2014 година и требаше да биде завршен до 2017 година,  но сега рокот е 2026 година, 12 години од поставувањето на камен-темелникот.

Извор: Денешен.мк

Continue Reading

Македонија

По големата полициска акција, МВР објави видео од запленетото оружје во Арачиново

Published

on

На 18 декември 2024 година, околу 01:30 часот, полициски службеници од Единицата за брзо распоредување и Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје извршиле заплена на оружје и муниција. Ова се случило на локален пат од село Орланци во правец кон село Никуштак, во атарот на општина Арачиново.

При извршената акција, пронајдени се значителен број на оружје и муниција, вклучувајќи еден пушкомитралез, девет автоматски пушки, повеќе празни рамки за автоматска пушка, реденик за пушкомитралез, две рамки за автоматска пушка со куршуми, една тегла со муниција, ранец и други предмети.

https://youtu.be/y2Isv3QEM0E?si=tEaVAdVWU6gPblfR

Continue Reading

Македонија

АРТАН, НЕ ГИ СРАМОТИ АЛБАНЦИТЕ, ТИЕ НЕ БЕГААТ КОГА СЕ ВО ПРАВО Дојди, и соочи се, не ги користи граѓаните како штит за твоите криминали

Published

on

Коалицијата Вреди порачува дека разбиениот Европски фронт на чело со ДУИ, исполнет со луѓе од црни листи, нема кредибилитет да зборува за прашања кои ги засегаат Албанците.

Веќе разбиениот Европски фронт на чело со нон грата партијата ДУИ, исполнет со луѓе од црни листи, нема кредибилитет да зборува за прашања кои ги засегаат Албанците. Тие се разобличени и изложени пред очите на албанскиот народ, соопшти коалицијата Вреди.

„Сенката на Али Ахмети, Артан Груби, оваа лоша копија на Груевски, кој зборуваше со полна уста за ОНА, на првиот судир со правдата – побегна. Дојди и соочи се, Артан! Албанците не се научени да бегаат. Албанците, кога се во право, се соочуваат со крената глава и не се плашат. Не ги посрамотувај Албанците, не ги користи како штит за твоите криминални дела!“, соопшти Вреди.

Коалицијата Вреди, се додава во соопштението, одамна предупредува дека ДУИ е партија заробена од криминални структури, предводени од Артан Груби.

„ДУИ не може да повикува на заштита на знамето, јазикот и на Албанците, бидејќи сега е партија без кредибилитет и без сила да ги заштити Албанците. Не можеш секој ден да зборуваш за заштита на правата на Албанците, а во моментот кога ќе бидеш повикан да понесуваш одговорност – да побегнеш“, се вели во соопштението.

Артан Груби, Прпарим Бајрами и нивната клика, се додава, се вистинското лице на криминалот и корупцијата.

„Правната држава се консолидира и никој нема да избега од правдата. Ќе се открие целосната вистина за злоупотребите во Државната лотарија. Тие што украле и го прекршиле законот ќе одговараат. Коалицијата Вреди е цврсто решена да донесе транспарентност, одговорност и да ги заштити интересите на граѓаните. Ние нема да застанеме пред политиките на манипулација и страв, бидејќи иднината на Албанците не смее да остане заложник на криминалот и корупцијата. Никој не е над законот“, порача владејачката коалиција.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк