Connect with us

Скопје

Возење со тротинет во Скопје чини 13.000 денари

Во саботата конечно поставија нови кошови на спортското игралиште во дворот на ОУ „Љубен Лапе“ во неделата веќе едниот кош вандали го скршија. Ужасно!

Пред неколку дена беа ставени во функција нови тротинети неменети за скопјани, по 48 часа неколку од нив се расеани низ Скопје фрлени во кал, фрлени во контејнер, искорнати им се делови… Ужасно!

Па нели во Скопје живеела елитата на Македонија? Скопјани многу се фалат околу тоа, ама во своите редови имаат бајаги гадови – невоспитани.

Скопските вандали, очигледно, чекаат нешто ново да се направи од парите на граѓаните па да најдат нови форми за изразување на своето дивјаштво. Наоѓа ли Скопје и останатите – питомите скопјани лек за сето ова?

Вандалите се нечии деца, ги воспитувал ли некој? Има родителите кои на социјалните мрежи кукаат поради вандализам – ама не знаат или не обрнуваат внимание дека тоа токму нивните деца го прават.

Досегашното уништување и палење на контејнерите за ѓубре, на канти за отпадоци, на реквизитите на детските игралишта, на клупите, на автобуските постојки, уништувањето на видиковците, на градското зеленило и опрема… сега само се надополнува со новото дивеење.

Секој од себе да тргне и од своите во фамилијата. Воспитување си бара состојбата која загрижува. Во спротивно следи прашањето: Треба ли многу да се вложува во Скопје и да добива нешто ново со што ќе се подобрува квалитетот на животот во него?

Да, страдаат чесните и воспитаните поради несовесните граѓани. Од секогаш било така, ама многу замав зема работава.

Пред четири години тогашните градски власти дадоа 1,5 милион евра за набавка на нови 540 контејнери со капацитет од 3.200 литри, 30 контејнери за селектирање отпад од 2.200 литри, 950 корпи за џебен отпад… Но, она што е платено со парите на сите граѓани сега полека, од ден на ден, се уништува. Наскоро ќе се дојде и до тоа да во градот нема ниту еден нов контејнер, ниту една нова корпа.

До кога вака?

Воспитувањето освен дома е заборавено и во образовниот ситем. А мора да се каже дека изостанува и казнување на вандалите.

Кој ќе победи, питомите или здивените, зависи од сите нас кои живееме во Скопје.

Скопје

Николоски: Карпош добива нов урбан лик со реконструкција на над 15 улици

Преку петнаесетина улици ќе се реконструираат во општина Карпош со подршка на Владата. Општината полека ќе го смени урбаниот лик и ќе се развива, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при денешната посета на општина Карпош.

Николоски заедно со градоначалникот Сотир Лукровски извршија увид во реконструкција на ул. Јуриј Гагарин, проект кој се реализира со подршка на Министерството за транспорт, а во заедничка соработка со општината.

“ Ова беше заглавен проект, ова беше проект без разлика што имавме обезбедено средства, не можевме да го реализираме. Откако беше избран за градоначалник, заедно со службите во општината, успееја да ги решат сите предизвици на овој проект, да се решат проблемите и еве веќе се гради и ако се оди добро и не послужи времето до Нова година може да се заврши оваа улица, паркингот зад зградите и да се добие нов урбан лик на овој простор. Сакам да најавам дека дополнително на ова имаме уште еден проект кој се реализира со Светска банка во вредност од над 13 милиони денари, тоа е улицата Петар Чаулев, целосна реконструкција околу 600 метри што дополнително се надевам ќе допринесе за урбаниот развој на општината. На тоа додаваме уште дванаесетина проекти кои што ги резлизираме преку вториот повик на Владата и севкупно имаме значајни проекти за општина Карпош. Тука е и подршката на Владата, мојата лична подршка за дополнителни работи кои треба да ги направиме во Карпош. Со изборот на новиот градоначалник, со неговата напорна работа се гледаат промените и навистина сите имаме желба да помогнеме и да се случуваат убави работи во општина Карпош”-изјави вицепремиерот Николоски.

Continue Reading

Скопје

Прекин на електрична енергија денеска во Горно Нерези, Глуво и Мирковци

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) информира, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија, дека денес од 9:00 до 15:00 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија за корисниците од неколку населени места.

Прекинот ги опфаќа корисниците од селото Горно Нерези и корисниците од селата Глуво и Мирковци.

Станува збор за планиран прекин, а корисниците се повикуваат на трпение до завршувањето на работите.

Continue Reading

Скопје

Жителите на одредени делови од Аеродром денес без вода

voda

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје информираше за привремен прекин во водоснабдувањето за дел од корисниците лоцирани на булеварот „АСНОМ“, во населбата Аеродром.

Прекинот, кој започна вечерва во 18:45 часот, е предизвикан од уличен водоводен дефект на цевка со дијаметар Ф100 мм, конкретно кај број 74 на булеварот.

Погодени корисници ќе бидат корисниците лоцирани на булевар „АСНОМ“ од број 70 до број 116.

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ се на терен и работат на отстранување на дефектот. Водоснабдувањето ќе биде нормализирано веднаш по завршувањето на работните активности, за што јавноста ќе биде дополнително известена.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг