Connect with us

Македонија

„Животот ми го упропасти, полицијата не помага, а капка по капка собирам да преживеам“ – Атиџе низ солзи

Published

on

Кај да одам, што да правам, животот ми го упропасти, а полицијата не мрда со прст, вели низ солзи  хероината од „Медена земја“, Атиџе Муратова, која по којзнае кој пат се жали од проблемите што и ги прави нејзиниот сосед.

Атиџе се жали од него и на полицијата и во медиуми, но овој проблем откако се појави во документарецот и откако сите дознаа за неа и нејзиниот мед, не се решава. Така е и овој пат. Таа се јавила во редакцијата на ММС расплакана и очајна.

-Ми украл кошарина.  Пчелите сами пред 10 дена ми се роеја во куќата, силни беа можеа 10 кила мед да дадат. И ги снема.  Детето на соседот кажало на брат ми дека тој ги земал. Рекло- татко ми ја однесе ама не знам каде. И сега што да правам? Ова не е прв пат. Кај да одам кој да ми помогне? Не е прв пат да ме краде. Кај да одам? Ни полиција реагира ни бутур.  Што да правам? Да одам ли јас  неговите да ги крадам, бидејќи полицијата не сака да го реши проблемот со години. Овој човек животот ми го упропасти. Се му е одобрено и сите не изгоре, сите што таму чуваме пчели. И никој ништо не помага, вели низ солзи Атиџе за ММС и додава:

-Ако нешто се случи полиција не сакам да видам, штом си седат со скрстени раце. Затоа апелирам до сите добри луѓе кои можат да ми помогнат, бидејќи јас многу сум разочарана од полицијата. Се трудиш да работиш чесно и не бива.  Лани ми украде, сега пак. Па јас од што ќе живеам.  Утре ќе одам во Свети Николе во полиција да го пријава. Иако знам, што да одам во полиција, кога не е прв пат, сум го пријавувала и до сега и ништо не превземаат.  Затоа ќе го тужам и него и полицијата. Лани се пожалив ми рекоа не можеме да го најдовме.  И мед ми кардеше, па лаже мигрантите го направиле тоа и тие му веруваат, вели Атиџе за ММС.

ММС и порано информираше дека Атиџе има проблем со соседот, но очигледно дека ништо не е превземено. Според неа овој човек не ја краде само неа, туку и другите, кои во селото Бекирлија чуваат и питоми и диви пчели.

-И овој живот не е живот, ти да работиш а друг да печали.  Кај да одам, кај да бегам, кај да се иселам ова веќе не се трпи. Ми се жалат луѓето што исто така чуваат пчели таму и викаат како да да одиме во полиција, зарем нешто ќе направат. Џабе. Биле и никому ништо. Ќе им речат таков си е што да правиме. Тоа ли е одговор? Сериозно ќе го тужам и него и полицијата.  Еднаш барем да го казнат мислам дека нема да прави така,  ама вака е силен, дека никој ништо не му може и си прави што сака. А јас капка по капка собирам да преживеам. Чесно да живеам. И не бива и не бива. Утре, пак, ќе одам во полиција во Свети Николе да се жалам кај командирот, да го  пријавам по којзнае кој пат. Оти јас навистина нема веќе кај да се обратам. Сите во селото исто мислиме, дека човеков ќе направи поголема беља и после ќе биде доцна за реагирање. Па и екипата од „Медена земја“ рече ќе ми помогне и тие никаде ги нема, ќе му речат да не прави веќе така и толку. Ваков човек не сум видела во животот, штетник, додава на крајот Атиџе за ММС.

Македонија

Сопругот на судијката Весна Дамева јавно се заканувал

Published

on

Во вторникот пратениците во македонското Собрание со мнозинство ѝ изгласаа интерпелација на Весна Дамева, член на Судскиот совет. 67 пратеници од владејачкото мнозинство минатиот месец поднесоа интерпелација за 5 члена на Судскиот совет кои се избрани од Собранието – Весна Дамева, Селим Адеми, Павлина Црвенковска, Тања Чачарова Илиевска и Миљазим Мустафа.

Иако Дамева од собраниската говорница се бранеше дека наводно била под политички притисок, според  објавa на социјалните мрежи, постоеле закани од нејзиниот сопруг токму кон политички личности спротисавени на партијата во чиешто владење беше избрана судијката.

Извор: Нетпрес

Continue Reading

Македонија

Државните институции потрошиле 8,5 милиони евра за нови возила за две години

Published

on

Во истражување на Центарот за граѓански комуникации за набавка на патничките возила на државните институции во 2023 и во 2024 година, покажа дека за само две години институциите набавиле нови возила за 8,5 милиони евра, дел купени, а дел земени на лизинг.

„Меѓу нив се и 45-те владини возила, секое по 50 илјади евра, земени на лизинг за сегашните функционери, но и за поранешните премиери и претседатели.

Најскапо набавено возило од 55 илјади евра е на Општина Шуто Оризари, додека Општина Прилеп набавила па го раскинала договорот за возило од 63 илјади евра.

Просечната вредност на сите набавени возила во последните две години е 31.760 евра.

Омилен бренд на функционерите им е Шкода, од која е набавено секое трето возило.

Најмногу возила, 82, набавиле Електрани на Северна Македонија.

На дури 70 % од тендерите за набавка на возилата имало само по една понуда.

Најголема вкупна вредност на склучени договори имаат фирмите Порше лизинг и Аутомотив груп, секоја по околу 2,8 милиони евра за две години.“, стои во истражувањето кое може да го погледнете на следниот ЛИНК.

Извор: ТВ21

Continue Reading

Македонија

Мицкоски, Тошковски и Агелер во Центарот за обука на МВР во Идризово

Published

on

Во Центарот за обука на МВР во Идризово денеска ќе биде одржана свеченост по повод предавање на акредитацијата од Меѓународната асоцијација на директори на полициски академии за стандарди и обуки (ИАДЛЕСТ).

На настанот ќе се обратат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, амбасадорката на САД Анџела Агелер и помошник на министерот на Центарот за обука, Влатко Митковски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк