Најдобра верзија на ,,Заветна” и тоа од студенти од Факултетот за музичка уметност (ВИДЕО)

Апсолвенти на Факултетот за музичка уметност – Скопје на својата апсолвентска забава ја исполнуваат една од најубавите верзии на култната песна која за прв пат ја испеа Пепи Бафтировски.

Музиката и текстот на песната Заветна која е посветена на Македонија и нејзините премрежиња се дело на браќата Миле и Ѓорѓи Барбаровски.

Песната која со многу емоции и на високо ниво како што доликува на апсолвенти на музичка академија ја пејат апсолвентите на ФМУ а ја споделува деканката Дарија Андовска.

Неофицијалната химна на Македонците по оригиналната изведба на Пепи Бафтировски има доживеано повеќе успешни препеви.